6 знаци кои покажуваат дека сте под стрес
Стресот понекогаш може да делува мотивирачки, но во повеќето случаи остава последици врз здравјето, посебно ако е хроничен. Меѓутоа, повеќето не ги забележуваат на време знаците дека се под стрес, се додека не се појават сериозни последици. Затоа обратете внимание на следниве симптоми кои укажуваат дека сте под стрес и начините како да се изборите со оваа состојба поради која страда целиот организам.
1. Настинката и кашлицата никако да поминат
Ако имате вепечаток дека секоја седмица имате нов симптом на болест, како што е настинка, кашлица или кивање, веројатно сте под стрес. Имено, кога сме под стрес, телото го излачува хормонот кортизол, кој помага краткорочно. Кортизолот и другите хормони се компоненти од имуниот систем, но кога ќе се ,,повлечат,,, станувате подложни на болести. Стресот, исто така, може да го забави и зараснувањето на раните, да придонесе за повторно враќање на вирусот и зголемена чувствителност на вирусни инфекции. Слушајте го своето тело и кога се чувствувате исцрпено, земете си по еден час за одмор или за спиење.
2. Имате проблем со концентрацијата
Кога заборавате на ситници или не можете да се концентрирате на редовните задачи, телото ви испраќа сигнал да забавите. Истражувачите откриле дека долгата изложеност на хормоните на стрес го стеснува делот од мозокот наречен хипокампус, кој е задолжен за меморијата. Ако ова ви се случува неколкупати дневно, вдишете и издишете неколкупати, со цел полесно да можете да ја пребродите стресната ситуација. Ваквиот начин на дишење може да помогне да ги контролирате отчукувањата на срцето и протокот на крв, како и напнатоста на мускулите.
3. Главоболка која буди од сон
Ако сте искусиле главоболка која се појавува во целата глава, веројатно сте под стрес. Ако главоболката ве разбуди од сон, морате да се консултирате со доктор. Но, ако се утврди дека причина за главоболките не е некој сериозен порблем и кога малку ќе се обидете да го намалите стресот во животот, треба и симптомите да се ублажат.
4. Често ве болат вратот и грбот
Напнатоста и болките во грбот и вратот можат да бидат последица од положбите во кои седите, но исто така и од стресот на кој сте изложени. Изложеноста на голема количина стрес може да доведе до мускулна напнатост. Многу техники за релаксација можат да го намалат стресот, како и техниките за длабоко дишење, медитација, масажа и јога. Пронајдете време за истегнување, со цел да спречите мускулите да се затегнат.
5. Имате проблем со спиењето
Ако се будите во текот на ноќта и размислувате за проблемите, тоа може да биде знак за депресија и анкциозност. Ако сте ицрпени, а не можете да спиете, веројатно сте изложени на голем стрес. Најдобро да порзговарате со доктор за да утврдите дали се работи за хроничен стрес или за нешто посериозно. Кога сте ненаспани, уште повеќе сте исфрустрирани, ранливи и изложени на стрес. Намалете го внесувањето на кофеин и алкохол и почнете да вежбате.
6. Сексуалниот живот страда
Иако, можеби, веднаш не го забележувате тоа, поради стрес може да дојде до губење на желбата за секс, а мажите можат да искусат што значи тоа еректилна дисфункција. Телото и умот се поврзани. Кога едното не е во ред, другото ,,сочувствува,,. Кога сте под стрес поради губење на работното место, финансиски крах или проблеми во врската, и телото реагира на тоа. Докторите советуваат за се што ве измачува да поразговарате со партнерот и да се обидете да ги решите проблемите.


