Кои намирници делуваат негативно на интелигенцијата?
Некои производи можат да предизвикаат погубно оштетување на мозокот, кој е еден од најважните органи. Еве кои се производи можат да влијаат врз интелигенцијата.
Шеќер
Не само што влијае на нашата фигура, шеќерот исто така може да влијае и врз нешто многу поважно – мозокот. На крајот, поголема количина шеќер може да доведе до нарушување на вниманието и интелигенцијата. Ваквите последици можат да вклучуваат потешкотии во учењето или уништување на капацитетот на меморијата. Ова без сомнение е чувствително прашање, кое би требало да биде во центарот на вниманието, бидејќи, како што знаеме, никој не сака да страда од вакви здравствени проблеми или појави.
Никотин
Никотинот е уште еден производ кој може да доведе до неповратни последици врз интелигенцијата. Иако самиот по себе не е прехранбен производ, многумина го консумираат. Никотинот може да предизвика сериозни оштетувања на мозокот поради ограничениот проток на крвта, кој е исклучително важен за доброто функционирање на организмот. Никотинот може да предизвика уште многу други проблеми, како што е прераното стареење на белите дробови, што пак може да доведе до прерана смрт.
Брза храна
Неодамнешните студии покажале дека брзата храна влијае врз функционирањето на мозокот. Тоа е поради тоа што ја менува хемијата на мозокот и може да доведе до депресија и анкциозност. Овој тип на храна содржи супстанција познати како допамин, кој е одговорен за создавање чувство на мир, среќа и добро здравје.
Преработена храна
Преработената храна, претходно варена или пржена, може да предизвика оштетување на централниот нервен систем ако се консумира во големи количини, а може да доведе и до дегенеративни болести на мозокот, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест.
Алкохол
Алкохолот не само што долгорочно го оштетува црниот дроб, туку и предизвикува т.н. ,,магловит мозок“. Како што кажува самото име, се работи за тоа да чувствувате умствена конфузија и да не можете да размислувате јасно и паметно. За среќа, овие симптоми се повлекуваат штом ќе престанете да консумирате алкохол или ако го ограничите на еден до два пијалоци дневно.
Пресолена храна
Солта влијае врз крвниот притисок, а тоа има лошо влијание врз срцето. Истражувањата покажуваат дека големи количини сол влијаат врз когнитивните функции и ја намалуваат способноста за размислување. Кажано со други зборови, солената храна влијае врз интелигенцијата.
Рафинирани житарки
Сите видови житарки, освен оние од цело зрно, кои се богати со влакна, влијаат лошо на функционирањето на мозокот и воопшто на целокупното зравје. Ако редовно консумирате рафинирани житарки и производи од бело брашно, ризикувате побрзо да ви остаре организмот, да го загубите помнењето побрзо и да добиете ,,магловит мозок,,.
Преработени протеини
Протеините се градежни елементи на мускулите и се многу важни за правилно функционирање на телото. Месото е најбогатиот извор на висококвалитетни протеини, но одбегнувајте да јадете негови преработки, како што се саламите, колбасите и слично. За разлика од природните протеини, кои го поттикнуваат нервниот систем, преработените белковини го прават спротивното. Затоа, консумирајте риба, млечни производи, ореви и семки, кои се природни и квалитетни извори на протеини.
Трансмасти
Трансмастите предизвикуваат проблеми, од оние поврзани со срцето до зголемен холестерол и дебелеење. Но, тие се лоши исто така и за мозокот, бидејќи делуваат врз рефлексите и способноста за реакција, а да не зборуваме за зголемениот ризик од мозочен удар
Вештачки засладувачи
Кога луѓето сакаат да ослабнат, склони се да мислат дека ќе им помогне ако шеќерот го заменат со вештачки засладувач. Вистината е дека тие имаат помалку калории, но тие исто така можат да направат повеќе штета отколку корист. Ако се користат долго време, можат да предизвикаат оштетување на мозокот. Влијаат врз когнитивните способности, посебно ако се користат во големи количини.


