Најбизарните диети на славните дами
Не е ни малку лесно да се биде славен, а одржувањето на линијата не е лесно дури и за оние дами кои не се постојано под рефлектори и изложени на острото око на јавноста. Меѓутоа, познатите дами знаат понекогаш да се придржуваат до многу строги правила и да бидат на ригорозни диети се со цел да ја одржат својата витка фигура. Погледнете некои од нив.
Адријана Лима
Најпознатиот ангел на Викторијас Сикрет, Адријана Лима, открила во една пригода дека девет дена пред својата најпозната годишна ревија живее само на течности, а 12 часа пред шоуто престанува да пие и вода, со цел да ја загуби тежината која ја добива од водата.
Мараја Кери
Мараја Кери е позната по тоа што постојано и осцилира тежината. Со цел да го загуби вишокот килограми, пејачката се придржувала до диета која сама ја има измислено, а која се состои од риба и супа подготвени без шеќер, сол или зачини. Покрај тоа, знае да се придржува и до една необична диета, која вклучува јадење само на намирници со виолетова боја.
Меган Фокс
За својот секси изглед, актерката Меган Фокс и благодари на специјалната диета која се темели на јабоков оцет кој, според неа, и го прочистува организмот од отрови и и го зајакнува метаболизмот. Актерката изјавила дека единствениот начин за да остане витка е пред секој оброк да испие комбинација од јаболков оцет и вода.
Мадона
Кралицата на попот, Мадона, својата витка фигура, на која можат да и позавидат многу помлади колешки, ја оддржува со помош на многу ригорозни начини на слабеење, а еден од нив е и т.н. ,,воздушна диета,,. Трикот со оваа диета е во тоа што секој подготвен оброк не се јаде, туку само се гледа и помирисува.
Џенифер Анистон
Многумина тврдат за неа дека има најдобро тело во светот. За нејзината витка линија заслужна е една и не баш здрава диета, која се темели на прескокнување на појадокот. Наместо првиот оброк, актерката има обичај да испие само сок од цеден портокал или лимон.
Риз Витерспун
Риз ја оддржува својата витка линија можеби со најнеобичната диета за која имаме слушнато досега. Таа, имено, консумира храна за бебиња наместо појадок и ручек, а само навечер јаде еден нормален оброк – за возрасни!
Лејди Гага
Ексцентричната пејачка открила исто така ексцентрична диета т.н. ,,пијана диета,,. Оваа диета ја има измислено и за неа пишува во својата книга нејзиното поранешно момче, Карл Лук. Диетата подразбира пиење виски за време на вежбањето.
Гвинет Палтроу
И оваа актерка исто така се придржува одвреме – навеме до ригорозен начин на исхрана, кој подрзбира во текот на 21 ден детоксификација на организмот, така што се јаде само еднаш дневно, а секое залче треба да се изџвака 13 пати пред да се голтне.
Никол Кидман
Уште една не толку здрава диета која ја има практикувано оваа позната актерка се состои од оброци со јајца. Наутро таа јаде по едно јајце, а навечер две до три јајца, и ништо друго во текот на целиот ден.
Кејти Холмс
Кејти Холмс има изјавено дека секојпат кога сака да ослабне на брзина јаде супа од моркови за појадок, а за ручек и вечера – сирова брокула!









