10 природни лекови кои се користеле некогаш
Нашите предци користеле органски антибиотици директно од природата, се со цел да се изборат со инфекциите. Овие се само неколку од нив:
1. Лук
Овој зеленчук има неверојатна лековита ,,моќ,,. Лукот е многу ефикасен во борбата со инфекциите, како што е грипот, бидејќи ги убива бактериите уште пред да почнат да делуваат негативно на телото. Лукот содржи во себе алицин, кои се бори против бактериите, паразитите и други микроорганизми. Во никој случај не може да биде штетен.
2. Мед
Познато е дека Римјаните го користеле медот на боиштата за да ги лекуваат раните на повредените и за да спречат развој на инфекции. Медот и понатаму се смета за еден од најефикасните природни анибиотици во светот, бидејќи има антибактериско, антивоспалително и антисептично дејство. Медот содржи во себе ензими кои испуштаат хидроген пероксид. Тој процес му пружа на организмот поддршка да се бори против инфекциите и го спречува нивното ширење. Тој ја чисти крвта од токсини и му помага на црниот дроб да работи подобро. Исто така, има позитивен ефект врз дигестивниот тракт. Доколку сакате да го зајакнете организмот, измешајте мед со цимет, за да го зголемите бројот на белите крвни зрнца.
3. Јаболков оцет
Јаболковиот оцет има антибиотички и антисептични дејства и помага во природната алкализација на системот, помага при намалување на холестеролот, како и намалување на ризикот од добивање рак. Тој може исто така да се користи за дезинфекција и стерилизација на простори и предмети.
4.Куркума
По нејзината боја и вкус, куркумата е исто така позната по своите бенефиции по нашето здравје. Овој зачин е одличен за убивање на бактериите. За оптимални резултати, најдобро е да се помеша куркума со мед и да се стави на инфицираните места.
5.Екстракт од семки од грејпфрут
Неодамна е објавена студија која пронашла дека екстрактот од семките на грејпфрут може да убие и до 800 видови вируси, бактерии, габи и паразити. Овој екстракт содржи многу антиоксиданси, го зајакнува имунолошкиот систем и на природен начин го алкализира организмот и помага во варењето и стимулирањето на цревната флора.
6. Оригано и масло од оригано
Сигурно веќе имате користено оригано како зачин за храна, иако не сте знаеле какви се предности има по здравјето. Покрај тоа што има антибактериско дејство, ориганото помага при варењето и губењето на килограмите. Карвакрол, маслото кое се содржи во еден дел од ориганото, е многу корисно за уништување на заразните бактерии. Се на се, ориганото е многу добар против дигестивните инфекции и дефинитивно е повеќе од ,,обичен,, зачин.
7. Зелка
Зелката содржи сулфурни соединенија кои имаат позитивен ефект во борбата против ракот. Многумина се запознати со фактот дека зелката е богата со витамин Ц и дека само една шолја зелка содржи и до 75% од препорачаната дневна доза од витаминот Ц. Покрај антибактериските дејства, консумирањето на зелка, засладена со малку мед, е одличен начин за да се подобри варењето, да се спречат многу болести и да се оддржи идеалната тежина.
8. Кокосово масло
Предностите на кокосовото масло се бесконечни. Покрај антимикотични и антимикробни дејства, тоа содржи некои антиоксиданси кои ретко можат да се најдат во природата. Користете го кокосовото масло за јакнење на имунолошкиот систем, за одржување на идеалното ниво на холестеролот и шеќерот во крвта како и за јакнење на активноста на мозокот. Тоа е безбедно и за надворешна и за внатрешна употреба.
9. Ферментирана храна
Кефирот, јогуртот и краставичките се одлична храна за цревната флора.
10. Колоидно сребро
Колоидното сребро е природен антибиотик кој се користи веќе долга низа години. Тоа би требало да се користи одвреме – навреме, затоа што големи количини сребро во организмот можат да бидат токсични. Меѓутоа, колоидното сребро ги деактивира ензимите кои се потребни за размножување на бактериите и вирусите, што го прави одличен антибиотик.


