Лавовската грива е самоникната печурка, која расте во шумите на Европа, Северна Америка и Азија. Ретко се наоѓа во Европа. Во природно опкружување, обично расте само на мртви дрвја, како што се даб или бука, во доцно лето и на есен. Уште се нарекува и храна за лавови, брадест заб, овчја глава или еж – печурка. Оваа печурка се одликува со единствен вкус и декоративен изглед. Се применува и во кулинарството и во традиционалната медицина.

Лавовската грива (лат. Hericium Erinaceus) своето има го добила поради тоа што многу сличи на гривата на лав.

Храна за невроните

Лавовската грива е меѓу најценетите печурки кои се јадат. Но, нејзиниот углед во медицинската наука е подеднакво голем како и во кулинарството. Уште ја нарекуваат и природна храна за невроните, поради нејзината способност да го обновува нервниот систем. Јапонците и дале прекар “печурка на 21. век“, во склад со слоганот според кој овој век е посветен на мозокот. Лавовската грива содржи активни состојки одговорни за лекување на нервите и подобување на мозочните функции. Американските и кинеските стручњаци успеале од оваа печурка да изделат две активни состојки – хериценон и еринацин – кои го поттикнуваат растот на факторот на невронскиот раст. Овој фактот е белковина која и гра значајн улога за здравјето и долговечноста на неколку видови нервни клетки во средишниот и периферниот нервен систем. Споменатите активни материи од лавовската грива влијаат врз мозокот, поради тоа што поради својата ниска молекуларна тежина лесно преминуваат од крвотокот во мозокот.

Најважни состојки на лавовската грива се:

  • деривати на циатани (дитерпеноиди)
  • бета-D-глукан
  • ергостерол (провитамин Д2)
  • еринацини Q и R
  • ксилан
  • гликоксилан
  • мано гликоксилан
  • галактоксило глукан
  • хетеро бета глукан

Покрај тоа што ги обновува невроните, активните состојки во лавовската грива поворно ја изградуваат заштитната миелинска обвивка на нервните клетки. На таков начин се подобрува невронската спроводливост за сигналите кои се клучни за комуникацијата помеѓу нервните клетки. Некои доктори, стручњаци за медицинските печурки, ја препорачуваат лавовската грива како терапија за Алцхајмерова болест, деменција, мултиплекс склероза и мускулна дистрофија.

Првото истражување за неврокогнитивните ефекти од лавовската печурка се изведени во 1991 година во Јапонија, а потоа многу истражувања потврдиле дека хариценоните и еринацините го поттикнуваат обновувањето на нервните клетки. Во една од поновите студии, направена во 2009 година, направена во една невролошка болница во Јапонија, со оваа печурка биле лекувани 30 Јапонци кои имале лесни когнитивни оштетувања. Терапијата донела значајни подобрувања, кои траеле се додека пациентите земале од оваа печурка. Покрај когнитивните, оваа печурка ги зафаќа и афективните функции.

Други бенефити од оваа печурка вклучуваат здраво варење, регулирање на холестеролот, намалување на шеќерот во крвта и добивање здрава и млада кожа. Благодарение на бета глукан полисахаридите, лавовската грива делува многу добро врз системот за варење, поради тоа што ги подобрува функциите на желудочната слузница, која е важен дел од системот за варење. И болните од дијабетес имаат полза од лавовската грива, бидејќи таа го намалува нивото на гликоза, ја спречува полидипсијата и ја смирува силната желба за жед, својствена за шеќерната болест. Уште една состојка присутна во неа – цијатанот – помага во лекување на чиреви и карцином на желудникот. Полисахардите во неа силно го поттикнуваат производството на акнтиоксидирачки ензими, со што таа стана дел од арсеналот против стареење.

Други тегоби кај кои помага оваа печурка се следниве:

  • опсесивно – компулсивно нарушување
  • шизофренија
  • аутизам
  • aнорексија
  • булимија
  • гастритис

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина