10 намирници кои штитат од дијабетес
Внесувањето големи количини флавоноиди, но и антоцијанини и други супстанции присутни во бобинките, чајот и чоколадата може да заштити од развој на дијабетесот тип 2, покажува неодамнешното истражување објавено во последниот број на стручната публикација Journal of Nutrition. Истражувањето во кое биле вклучени повеќе од 2.000 испитаници покажало дека внесувањето на високи количини одредени супстанции од тие намирници е поврзано со ниската инсулинска резистенција и подоброто регулирање на шеќерот во крвта. Откриено е и дека тие намирници го намалуваат воспалението кое, ако е хронично, исто така се поврзува со дијабетесот, но и со болестите на срцето и крвните садови, па и ракот. Водичот на истражувањето, професорот Ајдин Касиди од Универзитетот Ист Англија, вели дека се фокусирале на флавоноидите, кои се присутни во ароматичните билки и зеленчуци, како што се магдоносот, целерот и мајчината душичка, т.е. на антоцијанините, присутни во бобинките, црното грозје и други темноцрвени овошја и зеленчуци. Кажано со други зборови, луѓето кои често и во големи количини консумираат намирници богати со овие состојки имаат помал ризик за развој на дијабетес.
Исто така, истражувањето покажало дека испитаниците кои консумирале најмногу антоцијанини имале помали шанси да развијат хронично воспаление, а тие се поврзуваат со најголемите здравствени проблеми на денешницата, како што се дијабетес, дебелина, болести на срцето и крвните садови и ракот. Оние кои консумирале најмногу флавоноиди во организмот го зголемиле нивото на протеини, кое помага во регулирањето на разни метаболички процеси, меѓу кои е и регулирањето на шеќерот во крвта. Единствено научниците засега не можат точно да кажат која е количината на тие супстанцииu кои треба дневно да се внесуваат во организмот за навистина да се намали ризикот за развој на дијабетес тип 2.
Авторите на истражувањата велат дека се особено возбудени поради овие резултати, меѓу останатото и затоа што покажале дека некои компоненти, дури и оние намирници кои обично се сметаат за непожелни, како што се чоколадата и виното, можат да бидат корисни за нашиот организам.
1. Јаболки
Едно јаболко во просек содржи 5 грама влакна и многу витамин Ц. Влакната играат важна улога во нормалното функционирање во превенцијата на дијабетес, бидејќи го контролираат нивото на шеќер во крвта.
2. Блитва
Овој зеленчук му дава на организмот корисни хранливи материи и не го подига драстично нивото на шеќер во крвта. Има малку калории, а многу влакна, калциум, моќни антиоксиданси и витамин Б.
3. Грчки јогурт со мал процен на масленост
Грчкиот јогурт е богат со калциум, а многу видови содржат и витамин Д, кои го намалуваат ризикот од настанок на дијабетес. Овој јогурт е богат со протеини и е одличен за одржување на здрава телесна тежина, што е особено важно затоа што дебелината го зголемува ризикот за развој на многу болести.
4. Модри домати
Бојата на модриот домат потекнува од антоцијанините, важни антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од настанок на дијабетес. Тие ги штитат клетките од оштетување, вклучувајќи ги и бета клетките на панкреасот, кои се заслужни за лачење на инсулинот.
5. Леќа
Мешунките се посебно важни за нашето здравје. Содржат многу влакна и корисни минерали, како железо, магнезиум и калциум. Леќата со часови го држи организмот сит и делува поволно врз системот за варење.
6. Ѓумбир
Иако главно се употребува за ублажување на стомачни тегоби, ѓумбирот може исто така да делува превентивно на настанокот на дијабетес, така што ја регулира чувствителноста на организмот на инсулин.
7. Малини
Антиоксидансите во малините можат да го намалат ризикот од хронични заболувања и дебелина. Една шолја малини содржи дури 8 грама влакна.
8. Лосос
Оваа намирница е на прво место на сите здрави менија. Полинезаситените масти во лососот и омега-3 масните киселини го намалуваат ризикот од воспалителни процеси во телото, со што може да се регулира и нивото на шеќер во крвта.
9. Путер од кикиритки
Путерот од кикиритки е одлична намирница за превенција од дијабетесот. Имено, тој содржи здрави маснотии, влакна и протеини, така што долго време ќе бидете сити и нема да дојде до нагло покачување на шеќерот во крвта.
10. Интегрален ориз
Со оглед на тоа што интегралниот ориз содржи многу влакна, антиоксиданси и витамини Б, одличен е за превенција на дијабетесот и за зачувување на здравјето.


