Отстранувањето на срамните влакна од интимниот дел од телото денес стана работа на личната хигиена. Влакненцата од бикини зоната можат да се отстранат со восок за депилација, разни креми, депилатори, но поголем дел од жените го избира бричот. Ако и вие се имате определено за овој метод, сигурно веќе сте имале некои непријатни искуства. Доколку не сакате по бричењето да ви се појават мозолки, враснати влакна или лоша инфекција, подобро е да се придржувате до подолу наведените совети.

Една студија спроведена во Америка покажала дека дури 87% од жените во целост или делумно ги отстрануваат срамните влакна со брич. Проблемоте во тоа што кожата на овој дел од телото е исклучително чувствителна – многу почувствителна од онаа на нозете, на пример, поради што од бричењето можат да се формираат микроранички – повреди кои не мора секогаш да бидат видливи. Но, тоа што овие рани се мали, не значи и дека се безопасни. На овој дел од телото се наоѓаат лојни жлезди, што значи дека површината е влажна и темна, а со самото тоа и погодна за развој на бактерии, посебно ако имате мала раничка низ која ќе влезат бактерии и вируси. Тоа значи дека за време на бричењето на овој дел од телото, жените се подложни на разни инфекции, вклучувајќи ги тука и полово преносливите болести.

Изборот на брич

Погрижете се сечилото на жилетот да се остри и менувајте ги барем еднаш месечно. Тапите острици ја оштетуваат кожата и предизвикуваат иритации и ширење на бактериите. За најдобри резултати, користете специјални бричеви со флексибилна глава.

Вистински тајминг

Не започнувајте да се бричите веднаш штом ќе влезете во када или под туш. Оставете ја оваа активност за крај. Тогаш кожата е најмека, исто како и влакненцата. Топлината од пареата ги отвора фоликулите, правејќи ги влакненцата далеку помеки под сечилото.

bricenje1

Подготовка

За да спречите да ви се појавуваат враснати влакна или иритација на кожата, подгответе ја кожата пред бричењето. Прво направете пилинг на бикини зоната, а потоа омекнете ја кожата со лосион за туширање. Потоа на влакненцата нанесете регенератор за коса, за да бидат уште помеки. Со чешле или четкичка за заби зачешлајте ги влакненцата во насоката кон која растат, со што ќе го спречите затнувањето на фоликулите и враснатите влакна.

Не заборавајте на пената за бричење

Кожата е неопходна бариера, за да може бричот полесно да се лизга. Ако немате специјален гел за бричење, ќе помогне и обичен сапун, регенератор за коса, па дури и некоја поблага крема за лице. Клучот е во лубрикаијата, која ќе му овозможи на бричот полесно да се лизга.

Насока на движење

Многу е важно како ќе се бричите. Ако влакненцата ви се премногу долги, прво скратете ги со ножички, за да не го затнете или отапите бричот. За постигнување на совршена мазност, се препорачува бричење во спротивната насока од која растат влакната. Доколку имате многу чувствителна кожа, подобро тоа да го правите во насоката кон која растат.

 

Нега по бричењето

Веднаш по бричењето ставете лосион за тело или бебешка крема, која не содржи бои и парфем, а на евентуалните исеченици ставете антисептик. Ако страдате од голема иритација, ставете гел на растителна основа, кој има противоспалително, смирувачко и регенеративно дејство и кој ќе ја смири иритираната кожа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина