Стручњаците кои советуваат ваков начин на исхрана велат дека треба да се храниме како луѓето од 19 век, и дека тоа нема само да ги стопи килограмите, туку и ќе не направи многу поздрави. Луѓето тогаш јаделе и до 5.000 калории во денот – што значи дека нема гладување! Временскиот период помеѓу 1850 и 1872 во светот на нутриоцинизмот е познато како златно доба. Човечката популација во тоа време била многу поздрава и повитална од нас денес. Девизата дека квалитетот е поважен од квантитетот ја потврдува и оваа диета. Исхраната во тоа време се базирала исклучиво на зеленчук и овошје. На трпезите посебно било застапено овошјето, па луѓето од Викторијанското време јаделе и по десет порции овошје и зеленчук во текот на денот.

Лукот, цвеклото и јаболките биле на секојдневното мени. Секако јаделе и остатоци од месо од коските. Коските ги вареле и со тоа ги добивале сите хранливи материи. Во тоа време, црешните биле едно од најевтините овошја и со самото тоа биле достапни и за сиромашните слоеви од општеството. Рибата била исто така неизбежна, посебно скушата и харингата. Битно е да се спомене дека луѓето од тоа време јаделе многу леб, кој го правеле со квасец. Овој вид леб влијае позитивно на имунолошкиот систем, и со самиот тој факт не изненадува фактот што биле поздрави од нас.

Едно истражување покажало дека луѓето во тој век работеле до седумдесеттата година од животот без проблем. Од тоа се наметнало прашањето колкумина луѓе денес би издржале да се занимаваат со физичка работа до таа возраст. Некои истражувања покаже дека денес луѓето, во просек, минуваат од седум до десет години од животот лекувајќи се пред смртта.

 

viktorijanska

 

Поради сето тоа, би требало да се замислиме, да се откажеме од модерните диети и да се вртиме кон начинот на исхрана од пред два века. Враќањето кон начинот на исхрана од 19 век ќе значи многу храна подготвена дома и одбегнување на јадење преработена, готова храна, како и акцент на овошјето и зеленчукот. Ваквиот начин на исхрана ќе ни биде од голема полза.

Работничката класа од викторијанскиот период внесувала многу повеќе калории, но тие секојдневно се занимавале со тешка физичка работа, кој сето тоа го трошел. Денес цел ден го минуваме пред компјутерите, па неопходна ни е физичка активност. Од друга страна, шеќерот бил луксуз и бил недостапен, солта се употребувала само како зачин, а не и како конзерванс, исто како и алкохол и цигарите, кои не биле достапни за работничката класа. Исклучок од ова било само пивото. Јадењата   како солено говедско месо не биле достапни се до доцните 1880-ти. Тутунот го џвакале, цигарите се појавиле во продажба исто така во втората половина на 1880-те години и биле наменети воглавно за богатата класа, која и можела да си ги дозволи.

Како што можеме да видиме, ваквиот вид на исхрана е вистинското нешто за нас денешниве луѓе, бидејќи не бара многу одрекување, ниту гладување, а се внесуваат сите хранливи намирници. Време е да се свртиме кон исхраната од пред цели два века.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина