Веќе заклучивме дека мастурбацијата е всушност здрава, бидејќи на тој начин најдобро го запознавате своето тело и сфаќате што ви годи, а што не. Меѓутоа, дали може да се претера со ова? Стручњаците велат дека е многу тешко да се дефинира ,,идеалната доза,, на мастурбација, како за жените, така и за мажите. Но, ако забележите некои од овие симптоми – можеби е време да забавите малку.

Некои луѓе мастурбираат еднаш неделно, други го прават тоа секој ден, додека трети и по неколкупати дневно ја ставаат раката ,,таму долу,,. Многу е важно да сфатите дека сето тоа е сосема нормално и дека нема потреба да се срамите поради тоа – но би требале малку да поведете сметка за да не морате да поднесувате не толку опасни, колку непријатни последици.

Навистина е тешко да се заклучи дали мастурбирате премногу, но исто така е тешко и да се заклучи што е тоа премногу – бидејќи сите ние сме индивидуални во поглед на тоа прашање. Но, ако сте почнале да применувате преголема сила и не можете да свршите без некои помагала, чувствувате како ве боли ткивото по ,,завршениот чин,, или тоа ви создава проблеми во врската, тоа би биле јасни знаци дека малку претерувате.

Самозадоволувањето е добра работа, бидејќи на тој начин се ослободуваме од енергијата и ја поттикнуваме циркулацијата во пределот на половиот орган. Исто така, на тој начин го запознаваме нашето тело, што подоцна може да биде корисно во однос на партнерот. Ова посебно се однесува на жените кои не можат да доживеат оргазам за време на сексот. Но, претерувањето во било што не е добро, па така ни во ова, а последиците најчесто не се опасни, но можат да ви го загрозат правото на сексуалното уживање. Еве што може да ви се случи ако претерувате.

Можете да станете ,,премногу вешти“

Ако пречесто се самозадоволувате, голема е веројатноста со текот на времето обичниот допир да не ви биде доволен. На пример, ќе откриете дека до оргазам ве доведува само вибраторот ставен на најсилната брзина и допрен до клиторисот, или само исклучително силен притисок на раката за време на мастурбација. Ова е супер – бидејќи ќе знаете како да се доведете до оргазам за многу кратко време. Проблемот настанува кога се обидувате да водите љубов со партнерот – бидејќи во реалниот секс не е можно да остварите такви услови. Вие се имате навикнато на нешто и само тоа може да ве доведе до оргазам. Постои и израз за овој проблем – идиосинкратично самозадоволување. За среќа, решението е едноставно – искулирајте малку. За почеток, намалете го притисокот, обидете се да се самозадоволите во друга положба или едноставно исфрлете ги сите прдмети што ги користите.

Потребно ви е подолго време за ,,да ви се дигне,,

Мажите по достигнувањето на врвот најчесто не можат веднаш да се фрлат повторно во акција. Потребно е да помине малку време пред половиот орган да им биде повторно подготвен ,,за работа,, – кај младите обично ова е многу краток период. Колку сте повеќе стари, толку повеќе време ќе ви биде потребно. Ако пречесто се самозадоволувате, можно е после да ви биде потребно повеќе време за повторно да се возбудите. Ако забележите дека ви се случува тоа, најдобро решение е едноставно да престанете да си играте толку често и наместо тоа да се концентрирате на вистинскиот секс. Од друга страна, пак, жените немаат такви проблеми. На вагината не и е потребен никаков период за веднаш да се возбуди – всушност, по самозадоволувањето ќе бидете може уште повеќе возбудени! Значи, вагините во овој случај дефинитивно победуваат.

Може да ви создаде проблеми во врската

Како што веќе кажавме, целата идеја од претераното мастурбирање е многу комплицирана и тешко е да се одреди кога сте ја преминале таа граница – некои луѓе тоа го прават три пати дневно и можат сосема нормално да ги извршуваат своите обврски и да не го запоставуваат партнерот. Но, ако почне да ви се случува со тек на време да одбегнувате некои обврски (на пример, одбиете да излезете во град, бидејќи повеќе сакате да останете во кревет со Бред Пит и со вибраторот), треба да се запрашате дали претерувате. Истото се однесува и за партнерот – ако повеќе сака да се самозадоволува наместо да ужива во сексот со неа, ова може сериозно да и наштети на врската.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина