Надуеност, претерано потење, чешање или бранови на студенило и топлина, сето тоа можат да бидат симптоми на непријатна реакција на организмот на хистамин во храната. Исто како што се тоа понекогаш нискиот притисок, аритмијата, но и анкциозноста и депресијата. Како што објаснува познатата авторка и психолог Дорин Виртју во својата книга ,,Не дозволувајте било што да ви ја згасне искрата,, сите намирници содржат хистамин, но некои од нив го содржат повеќе. Овој придвижувач на алергиски реакции во телото е, всушност, органско соединение на азот, кое е скапоцено за нашиот имунитет како и физиолошките функции на стомакот. Меѓутоа, ако сме алергични на хистамин, телото реагира бурно на тоа. Бидејќи стресот исто така предизвикува производство на хистаминот, дури можеме и да кажеме дека сите сме ,,природно алергични,, на стрес, нагласува Дорин.

Во експериментот кој го нарекла ,,30 денови без хистамин”, авторката веќе по два дена почувствувала огромен прилив на младешка енергија. Само неколку денови подоцна, заклучила дека никогаш повеќе нема да се врати на старите навики, а посебно дека никогаш повеќе нема да и подлегне на желбата да консумира големи количини хистаминска храна.

“Најголем број намирници со висока содржина на хистамин се, всушност, стари намирници”, вели Дорин. “Се работи за стоени, закиселени, ферментирани намирници, односно кои не се свежи! Зарем тоа само по себе не е мрачно? Затоа и се лути, кисели…,, Наспроти нив, свежата и непреработена храна има ниско ниво на хистамин. Затоа е одлична и како лек за стрес – ако минувате низ стресен период и ако утврдите дека организмот ви реагира лошо на хистамин, Дорин препорачува да ја замените високохистаминската храна со нискохистаминска.

Значи, одбегнувајте:

  • Преработки од месо и живина, како и сите видови преработена риба
  • Закиселени млечни преработки, посно презреани сирења и млечни намази
  • Јадења кои се подготвуваат со квасец, посебно од брашно
  • Какви било закиселени намирници во оцетот
  • Црно вино
  • Ферментирани намирници
  • Преработки од соја
  • Адитиви и конзерванси

Покрај тоа, некои намирници и природно содржат високо ниво на хистамин: авокадо, спанаќ, домат, модар домат, лути пиперки, јагоди, ореви (освен макадамија), семиња (освен чиа семе) и папаја. Како што забележувате и сами, се работи за намирници кои и природно се лути и кисели. Во ,,хистамин диетата,, можете да одлучите и нив да ги одбегнувате, а еве и кои намирници треба да ги вклучите во исхраната под таков режим.

Рафинираниот шеќер заменете го со јаворов сируп, преливите за салати на база на оцет заменете ги со маслиново масло и морска сол. Исфрлете ги кафето и црното вино, а внесете го чајот од камилица и напитоци од свежо овошје и зеленчук. Наместо спанаќ, јадете кељ, а наместо модар домат – тиква. Пченицата заменете ја со ориз, овес и пченка. Наместо лути пиперчиња, како зачин користете лук, оригано, рузмарин и жалфија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина