За овој деликатес од пресни состојки потребно е: 3 моркови со средна големина (нарендани), 4 мандарини (олупени), 1/3 шолја урми, 4 лажици кокосово масло, грст ореви.

За кремот од лимон:

1 шолја индиски ореви потопени во вода најмалку 2 часа, сок од 2 лимона, 2 лажици сируп од агава, 4 лажици кокосово масло, малку вода, куркума.

Подготовка:

Исцедете ги наренданите моркови. Во блендер изматете ги морковите, мандарините, урмите, кокосовото масло и оревите. Формирајте маса во саканиот облик. По потреба, додадете во масата уште малку мелени ореви или дехидрирајте ја неколку часа.
Направете го кремот од лимон:

Во блендер изматете ги сите состојки освен кокосовото масло. Кога смесата ќе стане воедначена, додадете го кокосовото масло. За да има поубава боја кремот, додате малку (1/2 лажичка) куркума.
Кората од моркови исфилувајте ја со кремот од лимон. Можете да го наредите колачот во повеќе слоеви. Одозгора наросете го колачот со брусница или ореви.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина