Што треба да направам за да не го чувствувам кондомот?

Додадете малку лубрикант на пенисот пред да го ставите.

Дали пенисот ми е доволно голем?

Доволно голем за што? Запомнете, повеќето жени не доживуваат оргазам поради големината на вашиот пенис, па колку и да е тој голем. Ако сакате да го максимизирате чувството кај Г-зоната на партнерката, обидете се со ,,кучешка,, поза. Потоа натерајте од таа поза да застане на лактите. Ова ќе го и го подигне пелвисот до идеалниот агол.

Добро, но можам ли да го направам поголем?

Операцијата и пумпите за пенис се опциите кои се нудат. Но, не се добри. Операцијата е сложена и постои можност да не можете никогаш повеќе да имате секс.

Сакам да се обидам со потчинување. Треба ли да посетам некој садо-мазо клуб?

Можеби е чудно, но постојат разни непогодности кај оваа склоност. Најлошо што може да ви се случи е да ве искамшикуваат до толку многу да не можете да седнете, да ве задеваат до болка, а на крајот да доживеете многу лош оргазам. Постојат и понежни опции. Ако сакате да бидете потчинети како дел од секс, можете да се зачлените на следниов сајт – fetlife.com

Што значи ако жената вика за време на секс?

Овде постои важна дистинкција – ако вика пред да доживее оргазам, треба да застанете и да ја прашате што не е во ред. А, ако вика по оргазмот, но тврди дека е ок, тогаш може е само ,,викачка,,. Тоа е всушност комплимент за вас.

Ме возбудуваат цртани порно филмови. Дали е тоа во ред?

Секаков вид на сексуален материјал што ве возбудува и за кои вашата парнерка не се противи е во ред. Додека секаков вид на екплицитни порно сцени кои прикажуваат нанесување повреди на други или ве тераат да посакате вие да нанесете повреди може да не биде во ред и да не биде легално. Ако тоа ја навредува вашата партнерка, тогаш тоа е доволен знак дека вашето гледање е проблем.

Дали партнерката може да забремени од предвремена ејакулација?

На некој начин може. Шансите може да бидат слаби, но предејакулацијата не е секогаш без сперма.

Зошто не ејакулирам онолку колку порано?

Како што старееме, производството на сперма се забавува. Но, малата количина на сперма не е нешто што треба да ве загрижува.. Апсолутната количина е минималниот фактор за тоа колку сте плодни ако имате добра сперма. Количината на спермата зависи многу од времето кога последен пат сте ејакулирале.

 

Дали порно филмовите можат да ми го уништат сексуалниот интерес?

Ако уживате во нив само неколку пати во неделата, тогаш не. Како најчести причини се појавата на депресија или стрес. Лек – 2,5 часа вежбање неделно за да го подигнете нивото на тестостерон за 15%.

Дали од орален секс можам да добијам рак на устата?

Има малку вистина во ова. Мажите кои имаат орален секс со четири и повеќе партнерки спаѓаат во ризичната група. Но, исто така ризик фактори се и оние кои пушат многу или кои пијат многу алкохол, така што останува на вас да одлучите дали ќе слезете меѓу нозете на некоја жена.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина