Летото доаѓа, а тоа значи дека многумина од нас ќе ги заменат долгите панталони и фармерки со куси. И додека ова е нешто на кое сите ние му се радуваме, доколку сакате да имате нозе со кои ќе се гордеете, тоа значи дека е време да започнете да работите на вашите листови! Моменталната мода ги фаворизира долгите шортцеви, што пак од друга страна во фокус ги става долните мускули на нозете.

Многу нешта се напишани за тренирањето на листовите на нозете и како е навистина тешко да се обликуваат навистина добри листови, бидејќи нивните мускули постојано се користат и од тука се отпорни на развој. Листот на нозете е изграден од два главни мускули – gastrocnemius и soleus. Gastrocnemius минува низ коленото и зглобот и е поголемиот од двата мускули. Најактивен е кога е коленото исправено. Soleus минува само низ зглобот и е помал, пониско е сместен и е активен кога е коленото свиткано. За максимално развивање на овие мускули, потребно е истовремено да се работи и на двата, повторувајќи широк спектар на вежби.

Мускулите на листовите имаат висок работен капацитет, што значи дека се јаки, моќни и се со високо ниво на издржливост. Ова значи дека неколку чучнувања нема многу да постигнат за нивно развивање. Ако навистина сакате да ви бидат изразено развиени, ќе морате многу почесто да ги тренирате и да користите јаки вежби.

Тренинг за развивање на листовите

Практикувајте го овој тренинг наизменично четири до шест недели. Пред почеток на секој тренинг загрејте се добро со помош на лесни кардио, подвижност на зглобовите и динамично растегнување. Обратете внимание и на исхраната за време на траење на тренингот и консумирајте протеини, сложени јагленохидрати и витамински шејкови.

Вежба

Серии

Повторувања

Одмор

Вид на серија

1

Наизменично подигање на листот на едната нога

3

15

30 секунди

Нон-стоп супер серија

2

Подигање на листовите во седечка положба

3

12

60 секунди

Права серија

3a

Подигање на листовите на машина за вежбање

3

8

90 секунди

Супер серија

3b

Скокови

3

15

4 10% одење по коса лента

1

3 минути

По потреба

По потреба

Кај нон-стоп супер серијата, започнете ја на левата нога и потоа веднаш сменете ја десната. Без пауза, втората серија почнете ја пак со левата нога и повторно сменете ја десната. Продолжете се додека не ги завршите сите три серии.

Кај правите серии, само направете го назначениот број на повторувања, одморете во одредениот период, и потоа повторете ги.

Кај супер сериите, изведете ја првата вежба, означена како 3а) и откако ќе ја завршите веднаш прејдете на втората вежба, означена како 3б). Одморете во одредениот период, а потоа повторете.

Опис на тренинг системите:

1. Наизменично подигање на листот на едната нога

LISTOVI123

 

 

Заземете цврста позиција, едната нога свиткајте ја во коленото и префрлете ја лесно преку зглобот на другата нога.

Во едната рака земете тег, а со другата одржувајте рамнотежа и клекнувајте и исправајте се.

 

 

2. Подигање на листовите во седечка положба

LISTOVI11

 

 

Седнете, доближете ги нозете една до друга, а во рацете земете тег.

Подигајте ги нозете наизменично на врв на прстите и спуштајте се на петите.

 

 

 

3a. Подигање на листовите на машина за вежбање

LISTOVI2

Застанете на машината со исправени раменици и нозе и почнете да

вршите притисок на листовите кревајќи ги и спуштајќи ги.

 

 

 

 

3b. Скокови во вис

LISTOVI122

 

 

Застанете со доближени нозе, а рацете положени од страна.

Свиткајте ги малку колената, а потоа скокајте во вис колку што можете повисоко.

 

 

 

4. 10% одење по коса лента

listovi44

Оваа едноставна вежба е наменета за да го заокружи вашиот тренинг и да ја предизвика издржливоста на влакната на мускулите од листовите.

Едноставно застанете на коса платформа и чекорете по неа.

Не е важна брзината, туку што поголема да е накосеноста. Ако е премногу лесна за вас, можете да употребувате и тегови за да го зголемите интензитетот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина