penis_2

Кога се зборува за одржување на вашето здравје, мора да се придржувате и до упатствата за одржување на пенисот во добра форма. Да, добро прочитавте. За подобро здравје и сексуален живот, треба малку и да се потрудите.

Заспијте после секс или мастурбација

Многу мажи често заспиваат веднаш после сексот. А сега експертите велат дека тоа е добро за пенисот. Сега конечно ќе имате и алиби за тоа кога вашата партнерка ќе протестираа кога после секс вие ќе сакате да потонете во царството на соништата. На пенисот му треба сон и му е потребно да се одмора што е можно повеќе. Секоја вечер додека мажот спие, пенисот е буден. Мажите во сон имаат помеѓу три и пет ерекции. Ова се случува затоа што пенисот себ”полни” со крв и кислород. “Теоретски, колку повеќе ноќни ерекции што имате, толку повеќе вашето еректилно ткиво ќе биде пофлексибилно. И тоа може да ви помогне да ја одржувате силна ерекцијата како што стареете”, вели д-р Ирвин Голдстајн, директорот на Центарот за сексуална медицина во Сан Диего на Алварадо болницата во Калифорнија.

Ослобедете се од цигарите

Престанете да пушите пред вашиот пенис да откаже. Познато е дека пушењето предизвикува импотенција, а некои истражувања сугерираат дека пушењето може да влијае на силината на ерекцијата. Една студија покажала дека пенисите на пушачите се значително помали од оние на непушачите. “Освен што пушењето им штети на крвните садови, може да предизвика и оштетување на ткивото на пенисот кое станува помалку еластично и го спречува истегнувањето”, вели Ирвин Голдстајн.

Престанете да го пикате пенисот во тврди предмети

А тоа ја вклучува и нејзината карлична коска. Само еден погрешен потег е доволен за оштетување на надолжната еректилна комора. Доколку дојде до руптура, ќе биде потребна хируршка интервенција во рок од 24 часа, со цел да се спречи внатрешното крварење и да се спречи ризикот од трајни оштетувања. Според некои податоци, повеќе од една третина од мажите кои страдаат од импотенција имаат историја на мали трауми на пенисот. За подобро да се заштитите, внимавајте во позата кога вашата партнерка е над вас, во оваа поза најверојатно е да настане штета.

Пешачете што е можно повеќе

Без оглед на неделниот ручек, мамурлакот или лошото расположение – пешачете. Една студија покажа дека мажите кои пешачат секој ден најмалку еден час имаат помалку проблеми со еректилната дисфункција отколу мажите кои најчесто седат и малку се движат. Дваесет минути трчање или 30 минути тренинг со тегови исто така се сметаат.

Опростете се со љубовницата

За мажите кои започнуваат вонбрачна врска е заедничко тоа што престануваат да имаат ерекции. Тоа е толку често што лекарите кои ги третираат еректилните дисфункции своите пациенти прво ги прашуваат дали имаат вонбрачна врска. Ова воглавно се случува поради грижата на совест заради имањето љубовница. Вината може да се претвори во анксиозност, што предизвикува губење на ерекцијата.

Внимавајте на здравјето

Одржувањето на нивото на шеќер во крвта под контрола не само што ќе ве одржи здрави – а освен тоа дијабетисот е најбрзиот пат до целибатот. Повеќе од 50 проценти од мажите со дијабетес се импотентни. Покрај тоа, дијабетесот го забрзува процесот на артериски болести, што со себе носи повеќе здравствени проблеми и уште повеќе проблеми со ерекцијата.