mamenje_1

Ако мислите дека вашиот партнер ве изневерува, постојат неколку начини за тоа да се провери. Рејмонд Б. Грин во својата книга открива неколку трикови за изневерувањето, врз основа на кои можете да стигнете до заклучок дали партнерот ве изневерува или не. Ви откриваме 21 знак кои ќе ви помогнат да го разоткриете.

1.Вашиот партнер повнимателно од вообичаено се грижи за вашите потреби. Тоа го прави поради чувството на вина заради тоа што ве изневерува. Ова е уште поизразено на почетокот на аферата, а неговата внимателност ќе се намалува како што аферата ќе напредува.
2.Започна да ви купува многу подароци. Ова се “подароци на вина”, бидејќи тој се чувствува лошо што ве издал, па со подарувањето потсвесно сака да ја намали својата вина.

3.Вашиот партнер се почесто започнува кавги со вас. Тоа му дава причина да се налути и да излезе за да се сретне со љубовницата. Друга причина за започнување на караниците може да бидат помешаните емоции заради тоа што ве изневерува.

4.Кога ќе започнете да се расправате, тој секогаш ви споменува раскинување и ви поставува прашања од типот “Што би направила доколку раскинеме?” Или “Доколку се случи да раскинеме, засекогаш ќе те сакам како пријател.” Тоа значи дека генерално негативно гледа на вашата врска, бидејќи има љубовница која го чека кога вие ќе раскинете.

5.Вашиот партнер стана многу чуден. Тој е многу вознемирен кога си заминува, а изгледа тмурно и депресивно кога е со вас. Доколку веќе подолго време има афера, ќе даде се од себе за двете врски убаво да течат. Секој еден проблем кој го има ќе се прелева од една врска на друга. Тоа е неизбежно.

6.Ретко зборувате. Поминувате многу време заедно, но во тишина. Станал студен и не обрнува внимание на вашите чувства.

7.Вкусот за музика одеднаш му е променет. На пример, порано секогаш слушаше поп музика, а сега одеднаш повеќе му одговара рок. Ова најверојатно значи дека е под нечие влијание.

8.Му недостига самодоверба. Тоа не значи дека веднаш ќе отиде и ќе бара љубовница, но дека на несигурните луѓе им е потребно некој да ги води. Доколку на потребите на несигурните лица не се одговори како што треба, тоа може чувството на сигурност да го побара на друго место.

mamenje_2

 

9.Често ги критикува работите кои му пречат кај вас, а кои претходно сметал дека се симпатични и привлечни.

10.Лесно се навредува од вашите коментари, дури и доколку се сосема невини.

11.Престана да обрнува внимание на вас, вашите деца и се што е поврзано со семејството.

12.Започна да ги затвора вратите зад вас кога ќе ги оставите отворени. На пример, паровите кои живеат заедно не обрнуваат внимание на тоа дали вратата од бањата е затворена кога влегуваат внатре. Лицето кое има афера ја затвора вратата од бањата, за да направи физичка и психолошка дистанца помеѓу себе и својот партнер.

13.Престана да ви доделува комплименти.

14.Престана да ви кажува дека ве сака.

15.Се чувствува непријатно кога ќе направите нешто убаво за него, затоа што вие би требало да бидете лошата личност за тој да се чувствува помалку виновно што ве изневерува. Доколку направите нешто убаво за него, тој почнува да размислува за она што го прави.

16.Повеќе сака да го поминува своето време со пријателите, отколку со вас.

17.Не се интересира за иднината на вашата врска.

18.Повеќе сака да чита книга, да гледа телевизија, наместо да зборува со вас или да водите љубов.

19.Често зборува за проблемите кои ги има неговиот пријателка, сосетка, колешка или некоја друга личност од женски пол.

 20.Партнерот ви изгледа емотивно далечно и повлечено, но кога ќе го прашате за што се работи, не сака да зборува за тоа и не дозволува да му се мешате во приватноста.

21.За време на сексот изгледа незаинтересирано и отсутно.