japonska_dieta_2

Следете го прецизно менито, пијте што е можно повеќе вода и бидете секој ден активни најмалку триесет минути. Ова е јапонскиот рецепт и тие тврдат дека ќе бидете восхитени од резултатите

Целта на јапонската диета е да ви помогне да ги промените вашите навики во исхраната и да ви помогне да гозабрзате метаболизмот во рок од две недели.

За време на овој период, забрането е консумирање на шеќер, алкохол, газирани и негазирани пијалоци​​и брашно, а солта е дозволена во многу мали количини.

Се препорачува неограничено пиење вода, онолку колку што ви бара организмо, а додавањето налимон во водата е многу препорачливо, бидејќи на овој начин значително ќе се забрза и процесот на и губење на тежината.Се препорачува секојдневналесна физичка активност во времетраење од 30 минути.

Потрудете се доследно да го следите менито на јапонската диета и би требалоза две недели да изгубите и до 8 килограми!

Прв ден

Појадок: црно кафе

Ручек: две тврдо варени јајца, сварена зелка зачинета со малку растително масло, чаша сок од домати, без  да употребувате сол

Вечера: сварена риба или риба подготвена на скара

Втор ден

Појадок: црно кафе и едно парче црн леб

Ручек:  сварена риба или риба печена на скара, салата од зеленчук или свежа зелка со малку растително масло

Вечера: 200 грама варено говедско месо, чаша јогурт

Трет ден

Појадок: црно кафе и двопек од црн леб

Ручек: голема печена тиквичка, две јаболки

Вечера: две тврдо варени јајца, 200 грама варено говедско месо, салата од свежа зелка со малку растително масло

japonska_dieta_1

Четврт ден

Појадок: црно кафе

Ручек: едно јајце, три големи варени моркови, 15 грама тврдо сирење

Вечера: овошје по желба, освен банани и лубеница

Петти ден

Појадок: Свеж морков со сок од лимон

Ручек: голема варена или печена риба, чаша сок од домати, без додавање на сол

Вечера: овошје

Шести ден

Појадок: црно кафе

Ручек: половина килограм пилешко месо, варена зелка и моркови со малку растително масло

Вечера: две варени јајца, салата одзеленчук

Седми ден

Појадок: чај без шеќер

Ручек: 200 грама варено говедско месо, овошје

Вечера: Изберете ја вечерата од  било кој ден освен од третиот ден

 

Наредните седум дена повторете го менито од првиот до последниот ден.

Секако пред да ја пробате диетата, пожелно е да се консултирате со вашиот лекар.

Оваа интересна диета ветува добри резултати, па би можеле да ја пробате, зарем не?