naslovna

 

Веројатно досега сте чуле бројни совети од типот – живејте како да не постои утре, живејте како да ќе умрете денес и слично. Да научите да го живеете моментот е нешто што бара труд и трпение, но и пракса, се разбира. Но, кога еднаш ќе научите да живеете во моментот, ќе живеете исполнет живот и ќе научите да ја цените секоја активност и секоја секунда во секој ден од вашиот живот.

Фокусирајте се на моментот

Ако сакате да научите да живеете во сегашниот момент, ќе мора да научите да се фокусирате на сегашниот момент- тука и сега. Се што правите сега, правете го со полно внимание. Само на тој начин ќе бидете во можност сè да направите квалитетно. Кога ќе научите да размислувате само за сегашноста, ќе престанете да жалите по некои работи кои ве мачат од минатото.

Ако жалите за минатото, веднаш престанете, бидејќи тоа секако не можете да го промените. Од минатото и минатите случки единствено можете да научите нешто и да станете помудри.

Обрнете внимание на малите нешта

Обрнете внимание на светот околу вас; на малите нешта. Бидете благодарни за нив. Живејте во овој момент и живејте заедно со оние мали нешта кои ви помагаат да имате позитивен став. Обрнете внимание на работите кои ве прават среќни.

Ако мислите дека имате лош ден, помирете се со тоа и обидете се да го извлечете од него најдоброто. Обидете се да направите нешто што ќе ви го поправи целиот ден, нешто заради што сеќавањето на тој ден ќе ви биде убаво.

Смејте се

Ако сакате да знаете како е да го живеете моментот, се што треба да направите е да се погледнете во огледало и да се насмевнете. Смејте се, па макар и на сила, бидејќи истражувањата покажаа дека дури и присилното смеење може да го подобри вашето расположение.

Смејте се, дури и кога е тешко. Смејте се дури и кога сте во друштво на мрзоволни луѓе. Не дозволувајте нечие лошо расположение да прејде на вас или нечија негативна енергија да ја победи вашата позитивна енергија.

Бидете љубезни

Љубезноста и несебичноста се она што ќе ги направи луѓето околу вас среќни, а најмногу самите вас. Секојдневните гестови на љубезност и несебичност, оние кои се сосема спонтани, се гестови кои ќе ве потсетат дека треба да живеете во моментот.

На љубезноста и несебичноста често забораваме. Често сметаме дека нема потреба да им помогаме на другите ако нам никој не ни помага. Но, треба да знаете дека научниците докажаа дека помагањето го подобрува расположението, и тоа не само на личноста на која и се помага, туку и на личноста која помага.

Бидете благодарни

Ова звучи лесно, зарем не? Но, за жал, тоа не е секогаш така едноставно. Сетете се на работите кои ги имате, работите кои го прават вашиот живот полесен и бидете благодарни за нив. Немојте на секоја обврска да гледате како на нешто лошо, туку како на нешто што уште повеќе ќе ви го олесни животот.

Лесно е да се биде благодарен за големи работи. Лесно е да се биде благодарен кога сè е совршено. Но, научете да бидете благодарни и за малите нешта и несовршености со кои се соочувате секој ден, бидејќи тие се оние кои го прават животот и сегашноста.

Не грижете се

Секоја секунда се грижите за она што ќе се случи во иднина. На тој начин нема да ја промените иднината, туку залудно ќе ги потрошите и тие секунди сегашност. Почнете да дејствувате во сегашноста, бидејќи иднината не доаѓа само за неколку месеци или години, иднината е и секоја следна секунда.

Ако веќе се грижите за иднината и не можете да си помогнете, барем започнете да се грижите за блиската иднина, за следниот час или ден, а не за онаа која ве чека за неколку години.