Што не знаевте за соновите?
Сонувањето е уникатно искуство , а ние не сме ни свесни за тоа колку малку знаеме за фактите поврзани со сонувањето … Повеќето од нас знаат дека се случуваат само некои промени во мозокот, но не знаеме да објасниме точно какви. Не грижете се, и експертите имаат само теории за аспектите поврзани со спиењето.
Одамна се смета дека спиењето треба да ги обработи информациите што се случиле тој ден.
” За време на ноќта мозокот ги обработува, вари информациите, како што прават нашите црева со храната. Некои информации ги елиминира, а некои ги задржува. А оние кои остануваат, не претставуваат нас самите”, објаснува доктор Рубин Нејман, клинички психолог и специјалист за сон на Универзитетот во Аризона.
Меѓутоа, мал е бројот на работите за соновите кои мислиме дека ги знаеме , а многу поголем е бројот на митови за соновите. Па прочитајте некои од следните факти поврзани со волшебниот свет на соништата:
Сонуваме цела ноќ
Веројатно сте слушнале или прочитале дека сонуваме само за време на брзото движење на очите или РЕМ фазата од спиењето . Но, д-р Нејман тврди дека сонуваме во текот на целата ноќ. Ние сме програмирани така што нашите соништа се јавуваат во РЕМ фазата. РЕМ фазата се продолжува преку ноќта, па така поголемиот дел од соништата се случуваат во втората или третата фаза на ноќта.
Дали и животните сонуваат ?
Сигурно барем еднаш сте се запрашале дали вашите домашни миленичиња се во можност да сонуваат. Докажано е дека многу цицачи немаат РЕМ фаза од спиењето, но без разлика на тоа, научниците објаснија дека тие сепак имаат сни. Инсектите и рибите, исто така, не поминуваат низ оваа фаза, но можеме само да претпоставиме, дека и овие суштества, како и цицачите имаат способност да сонуваат.
Заборавете на алармот, ако сакате да се сеќавате на сонот
Токму како што прочитавте. Гласниот аларм предизвикува траума и во истиот момент ќе го заборавите сето она што сте го сонувале минатата ноќ. Најдобар начин да се сетите на вашите соништа е да се будите полека и бавно неколку минути. Меѓутоа, запаметете едно, не можете на сила да го задржите сонот, како ни сеќавањето на него. ” Ако сонот сака да ви побегне, ќе ви побегне “, советува Нејман .
Луѓето кои се сеќаваат на соништата покажуваат подобра мозочна активност
Една студија покажала дека поголема активност во делот на мозокот кој се нарекува темпоро – париентален спој, има кај луѓето кои се сеќаваат на своите соништа. Разликите не биле само додека спиеле, но, исто така и за време на будна состојба. Претходните истражувања покажаа дека луѓето кои се сеќаваат на нивните соништа, подобро реагираат на звуците и во соништата и во реалноста.
Колку всушност сонуваме?
Постои мит дека соновите се случуваат во дел од секунда, но тие се всушност подолги. На почетокот на ноќта траат и по неколку минути, а како се задлабочува ноќта, стануваат се подолги, и до 20 , 30 или дури и 60 минути.
Кошмарите не се секогаш поврзани со стравот
Ноќните мори или кошмари се најлошото нешто што може да ви се случи преку ноќ. Иако веруваме дека нашите соништа го проектираат она од што всушност навистина се плашиме во реалноста, едно истражување покажува нешто друго. Научниците ги анализирале соништата на повеќе од 300 луѓе и заклучиле дека ноќните мори се предизвикани од вина, тага, збунетост. Мажите имаат кошмари заради насилство, додека жените заради вербален конфликт.
Можете да умрете во сон – но и да оживеете
Голем број на луѓе веруваат дека, ако умрете во вашиот сон, вие сте навистина мртви. Не грижете се, бидејќи ова не е вистина, а тоа го потврдува и д-р Нејман .
” Некои дури и велат дека тоа е поради тоа што свеста е бесмртна, па сонувате дека сте мртви, а кога ќе се разбудит , вие сте повеќе живи отколку претходно. Но, не обрнувајте внимание на приказните. Сфатете го тоа како интересно искуство “, вели докторот .
Телото реагира на соновите како да сте будни
Се разбира дека ќе биде смешно да му се налутите на некој поради нешто што тој ви го направил во сон, но логично е дека овие чувства остануваат и кога ќе ги отворите очите и ќе го напуштите светот на соништата.
“Искуствата кои сте ги имале во сон, вашето тело ги регистрира како да е јаве. Можно е да дојде и до зголемување на крвниот притисок и емоции во зависност од тоа каков вид на сон сте сонувале”, вели Ниман .




