Ве мачи несоница, главоболка и многу други непријатноисти во текот на работниот ден? Носите една непозната тежина која создава многу притисок и проблеми, уморни сте и од самата помисла колкав напор ве чека….. Во овој брз начин на живот, без оглед на тоа колку сте зафатени, мора да одвоите пет минути за себе и со помош на овие неколку едноставни совети да се освежите, да си ја вратите енергијата и да се чувствувате многу подобро!

stress_naslovna

Уживајте во полесни оброци

Одвојте барем по пет минути за едноставен и здрав оброк кој ќе го освежи вашиот организам и кој ќе ве натера да заборавите на сите проблеми.  Експертите советуваат во секојдневната исхрана да вклучите минимум по две врсти на овошки, а нездравите грицки да ги замените со здрави намирници како што се бадеми, ореви или сувот овошје. Здравите семки, како што  се оние од сончогледот или од тиквата се одличен извор на масни киселинии. Шумското овошје содржи големи количини на антиоксиданси кои помагаат во процесот на одржување на здравиот организам. Концентрирајте се на оно што го јадете, џвакајте и уживајте во секој залак.

Исто така, нутриционистите советуваат секогаш да козумирате витаминско-минерални додатоци во исхраната (суплементи). Лошиот квалитет на современата исхрана  надополнете го со шумливите витамини. Особено е важно да се потрудите да внесете барем литар до два вода. Дехидратацијата е често причина за умор и ненаспаност.

Прошетајте се

Доколку се измачувате со некоја ситуација и не можете да пронајдете соодветно решение, дадете си малку воздишка и прошетајте се. Доволни се пет минути прошетка на свеж воздух за главата да ви се разбистри. Само шетањето ќе ви дојде како еден одличен бонус за ослободување од напнатоста и раздвижување на мускулите.  Запомнете- кислородот е многу важен за секојдневната енергија и работата на мозокот. Потрудете се да дишете смирено, земете воздух длабоко со целиот капацитет на белите дробови. Не дозволувајте стресот да ви го наруши ритамот.

Истегнете се

Послушајте го вашето тело и сопствената интуиција. Истиот момент кога грбот ќе ви даде сигнал дека е време да се истегнете, едноствано направете го тоа. За ова ќе ви биде потребно само неколку секунди во текот на денот, а драматично може да ви го промени и поправи расположението. Опуштете ги рамената, наслонете ја главата и ослободете се од сите напнатости . Потрудете се да заминете на спиење пред полноќ, бидејќи лачењето на мелатонин, хормонот кој помага во регенерација на клетките на телото, се лачи исклучиво во целосна ноќ. Многу е важно и да ги исклучите сите електрични уреди кои би можеле да му наштетат на вашиот ноќен сон, како и да се одвикнете од користењето на компјутер или мобилен телефон пред спиење.
Не ги запоставувајте пријателите!

Направете пауза од неколку минути и наместо да напишете порака, јавете му се на вашиот пријател. Раздвижете се и вјклучете го мозокот да размислува во сосема друга насока. Немојте да се жалите за работата, туку потрудете се да се договорите за кафе, излегување, прошетка….. Ниту една психотераписка сеанса нема толку да ви помогне како разговорот со најдобриот пријател…