Потење, непријатен здив, гасови – проблеми за кои не зборуваме, а може да укажуваат на здравствен проблем
Сите имаме барем еден од овие проблеми, ни скоро никогаш не зборуваме за нив и заради тоа и скоро никогаш не ги излечуваме
Постојат работи за кои можеме да разговараме со блиските луѓе, но постојат и такви кои повеќето луѓе сакаат да ги задржат само за себе . Лош здив, непријатен мирис на телото , или некои здравствени проблеми , всушност, се работи за кои преферираме да не зборуваме. Но, тоа може да биде проблем , бидејќи тие во тој случај нема ни да знаеме да ги решиме.
Прочитајте за неколку стручни совети кои можат да ви помогнат при тоа
Првут
Првутот настанува заради сувата кожа на темето, што значи дека треба да ја навлажнувате. Постојат шампони кои можат да ви помогнат при тоа, како и разни маски. Најдобри се оние на растителна база . Исто така е важно дека не ја миете косата премногу често, бидејќи тоа дополнително ја суши кожата на главата. Обрнете внимание и на исхраната. Внесувајте што е можно повеќе намирници кои го хидрираат организмот , како што се омега -3 масните киселини .
Непријатен здив

Лошиот здив може да се јави откако ќе изедете нешто, но тоа трае кратко. Проблем е доколку лошиот здив е константен. Тоа може да значи дека имате проблеми со забите , желудникот или респираторниот систем, па дишете преку уста. Кој било од овие проблеми не можете да го решите само и треба да побарате стручна помош. Се разбира, квалитетната нега на усната шуплина е императив.
Надуеност
Лоша исхрана , стрес, немање физичка активност … Ова се причините кои предизвикуваат надуеност на стомакот. Освен што се работи за непријатна појава, таа е и многу болна . Може да се реши со внимавање на исхраната, но и да се направат вежби за отпуштање . Сепак, доколку надуеноста трае со недели и ништо од горенаведеното не помага, тогаш тоа може да биде симптом на некоја болест . Во овој случај, задолжително посетете доктор.
Потење
Потењето е нормална реакција на телото на покачена температура на околината, но , исто така и во самиот организам. Прекумерното и зачестено потење може да укажува на одредена нерамнотежа во телото. Најдобро би било да се консултирате со лекар, кој јасно ќе ја утврди причината за вашето прекумерно потење.
Непријатен мирис на нозете
Кога сте на нозе цел ден, нормално е да се чувствувате непријатно во вечерните часови штом ги собуете вашите обувки. Но, некои луѓе го имаат овој проблем постојано. Најчесто се работи за габични или бактериски инфекции . Проблемот е во тоа што симптомите не се веднаш видливи, туку единствено само може да се почувствува непријатна миризба . Ако кај себе сте забележале неугоден мирис на нозете кој трае подолго време, консултирајте се со лекар.
Гасови
Иако ова е сосема нормална физиолошка потреба, секако, не е општествено прифатлива. Постојат луѓе кои често имаат потреба да испуштаат гасови и на нив не им е лесно. Toа може да биде последица на надуеност и лоша исхрана, но тоа може да значи и дека проголтуваат воздух додека јадат. Доколку ова ви претставува проблем со кој не можете сами да се справите, консултирајте се со вашиот лекар, кој ќе ве упати на потребните испитувања.



