Вежбите кои му помогнаа на Феликс Баумгартнер да го изведе рекордниот скок во вселената!
Австриецот Феликс Баумгартнер стана првиот небесен акробат што може да се движи побрзо од брзината на звукот! Феликс достигна феноменална максимална брзина од 833.9 милји на час! Со скокањето од балон на 39 км над Њу Мексико, 43 -годишниот Феликс го собори рекордот за највисокиот слободен пад некогаш. На него му беа потребни само 10 минути за да слета назад на Земјата. Откако ја допре земјата, падна на колена и ја крена својата тупаница за да го прослави својот успех. Тимовите со хеликоптерите за спасување беа присутни моменти подоцна.
Потребата од вежбање
Освен интензивната техничка обука потребна за Феликс да отиде до работ на вселената и назад долу на земјата , тој и во фитнес салата морал да работи многу напорно за да се осигура дека неговиот ум и тело е подготвен за овој значаен рекорд. Бил потребен посебен тренинг режим на кој Феликс морал да се придржува за да го издржи сево ова. Специфична техничка обука во капсула, патувања, состаноци. Му бил потребен кардио респираторен систем кој му овозможува да се справи со времето и енергијата потребни во текот на мисијата. Колку сте пофит, толку подолго ќе можете да го одржите вашето ниво на концентрација , и подобро ќе може да се опоравите. Тоа е тренинг за поддршка на тренингот.
Исто така, спецификите на неговата мисија налагале тој уште понапорно да тренира. Покрај тоа што морал да остане ментално фокусиран, тој морал да изгради сила заради носењето на непријатниот и тежок астронаутски костум со голем притисок. Исто така, постоел и ефектот на мала надморска височина. Тоа е еквивалент на околу 10-15,000 метри, што благо ја зголемува аеробната побарувачка на телото. Самото носење на овој костум бара посебно вежбање и работа. Веројатно ова може да се спореди со регулаторот костумот за нуркање. Самото дишење е прилично лесно, но е поголем предизвик од секојдневното дишење на кое сте навикнати .
Режимот на вежбање
“Тој е во добра форма, рамо до рамо со светските врвни атлети. Вежбите на Феликс се мешавина од бокс, интензивни серии на кардио вежби и требинг со руско звоно, за тој да може да се подготви за небесниот скок кој му пркоси на просторот. Исто така, во тренингот се интегрирани некои од когнитивните предизвици со кој тој ќе се соочи на мисијата, како на пример сценаријата за контрола на мисијата. Така, на пример додека додека тој е на велосипед и се бори малку, истовремено ќе мора да вежба за Планот за евакуација C или Планот во случај на пожар А. Јас барам од него да има одлични когнитивни функции и додека се соочува со физички предизвици. Тоа е одличен начин за да обезбедите донесување правилни одлуки под екстремен притисок. “
вели за Феликс, Енди Валш – директорот за високи перформанси на Ред Бул.
Вежбите за изведување на вселенскиот скок
Искористете го овој пример за вежбање на Феликс Баумгартнер за вашиот режим за вежбање да премине во целосно друга димензија. Ќе го зајакнете горниот дел од телото и ќе им дадете дефиниција на мускулите. Исто така,освен што ќе ги зајакнете вашите основни кардио перформанси, ќе ја зајакнете и вашата концентрација и способноста за донесување одлуки.
1.Загревање (5-10 минути)
Направете го следниов сет вежби, повторувајќи ја секоја вежба по 1 минута пред да поминете кон следната вежба
Прескокнување
Боксување со мали тежини
Скокови
Склекови
Боксување со замислен противник
2.Кардио вежби (20 минути)
Спринт на лента за трчање или надвор , вклучувајќи 80-90% напор за 45 секунди. Потоа, бавно одење 1-2 минути. Повторете го ова истото 20 минути. За да ја зголемите вашата когнитивна способност под притисок, обидете се да рецитирате некои песни или да ја кажувате азбуката наназад кога ќе вежбате.
3.Сила (20 минути)
Направете го секој од следниве kettlebell потези (потези со руско звоно). Направете 8 повторувања на секој потег, одморете се 30 секунди, а потоа продолжете со следниот. Направете 5 целосни серии.




