spienje_naslovna

 

Добриот сон е неопходен на секој жив организам за добро функционирање. Иако науката сеуште не успеала потполно да го истражи овој феномен, познато се многу работи за него. Ви претставуваме 14 работи кои можеби не сте ги знаеме.

1.Кога спиеме, мозокот вистински се регенерира, мозочните ќелии се опоравуваат, а телото ослободува важни хормони.

2..Во текот на животот, неопходно е да поминеме во спиење различно време во текот на денот . На бебињарта им е потребен сон од 16 часа, на дечињата стари од 3 до 12 години им се потребни 10 часа, на адолесцентите од 13 до 18 години им се потребни исто така 10 часа. На возрасните луѓе од 19 до 55 години им се потребни 8 часа сон, додека на оние повозрасни од 55 потребни им се само 6 часа одмор.

3.Мажите сонуваат мажи во 70 отсто од соновите. Жените подеднакво сонуваат и мажи и жени.

4.Можеме да сонуваме само лица кои претходно сме ги виделе, без разлика на тоа дали свесно се сеќаваме на нив или не.

5.Парасомнија е тип на пореметување на спиењето кој ни наложува да имаме неприродни движења во сонот. Во некои од документираните злодела направени во текот на парасомнијата спаѓаат спиење во текот на возењето, пишување на неважечки чек, убиство, злоставување на деца и силување.

6.Дванаесет проценти од луѓето сонуваат само црно-бели сонови, Овој број во минатото бил и поголем, но откако се појавиле телевизорите во боја, се поголем број луѓе почнале да сонуваат во боја.

 7.Сонувањето е нормално. Личностите кои не сонуваат најчесто имаат некое пореметување на личноста.

spienje_1

8.Позицијата во која спиете може да каже многу за вашата личност.

Најчестите позиции се:

а) Фетална (41 отсто)- Овие луѓе во почетокот се мрзоволни, но имаат добра душа.

б) Прави како даска (15 отсто) – Многу дружељубиви личности

ц) сонувач (13 отсто) – На луѓето им изгледа како отворена особа, а всушност е сомнителна
д) Војник (8 отсто)- Резервирана личност
е) Слободен пад (7 отсто)- забавна, весела и духовите личност
ф) Морска звезда (5 отсто) – Личност која умее да сослуша

9.Еден од четири брачни пара спие во одвоени кревети.

10.Од сите цицачи, најдолго спијат коалите (22 часа дневно) и кафениот крт (19,9 часа дневно), а најкратко жирафите (1,9 часа во периоди кои траат од 5 до 10 минути), срните (3 часа) и азискиот слон (3 часа).

11.Кога делфините спијат, само половина од нивниот мозок се гаси. Другата половина останува будна за да им ги регулира циклусите на дишење.

12.Попрво би умреле заради недостаток на сон, отколку заради недостаток на храна. Можете да живеете две недели без храна, а 10 дена без сон би ве убило.

13.И слепите луѓе сонуваат. Тие кои се родени слепи сонуваат сонови во врска со емоциите, звуците, мирисите и допирите.

14.Пет минути по будењето, ги забораваме 50 проценти од своите сонови, а 10 минути подоцна, забораваме дури 90 проценти од она што сме го сонувале.