Рижото со карфиол
Состојки:
- 400 грама ориз
- 1 главица кромид
- 1 главица лук
- 50 мл. бело вино
- 800 мл. зеленчукова бистра супа
- 2 лажици путер
- 1 главица карфиол
- 50 гр. пармезан
- сол, црн пипер
Подготовка:
Карфиолот измијте го, исчистете го и раздвојте го на цветови. Кромидот и лукот исецкајте ги ситно. Белото вино измешајте ги со заленчуковата бистра супа.
На путерот на кратко пропржете го кромидот, па додадете ги карфиолот и оризот. Мешајте постојано, додека оризот не стане стаклест. Малку налејте од течноста и мешајте и понатаму, се додека течноста не испари. Ова правете го се додека не ја искористите целата течност, а оризот не биде сварен. Дел од пармезанот исечете го на коцки, а дел изрендајте го. Коцкичките измешајте ги во рижотото, пред самиот крај додадете го ситно сецканиот лук. Посолете и додајте црн пипер. Послужете топло, одозгора наросено со рендан пармезан.


