5/3/1 тренинг за сила
5/3/1 е синоним за минималистички но многу ефективен тренинг за сила.Авторот на овој режим е легендарниот Jim Wendler кој може да се пофали со 1000lbs (454,5kg) на чучњеви,675lbs (306,8kg) на бенч клупата и 700lbs (318,1kg) на мртво дигање.
Ова не е режим со некои софистицирани или сложени вежби.Се состои од неколку вежби кои долги години се останати непроменети во бодибилдингот.
Се состои од вкупно 4 вежби:дигање на бенч клупа ,мртво дигање,чучњеви и потисок за рамо со шипка.
Jim Wendler препорачува 4 тренинга неделно.Во основата на секој тренинг се наоѓа една од овие вежби.На пример: во понеделник дигање на бенч клупа,вторник чучњеви,четврток е ден за потисок за рамо со шипка и во петок мртво дигање.
Пред да почнете со оваа програма треба да го одредите вашето 1RM.
Тренгот се состои во 4 циклуси односно 4 недели:
Прва недела: 3 серии со по 5 повторувања
Втора недела: 3 серии со по 3 повторувања
Трета недела:1 серија со 5 повторувања,1 серија со 3 повторувања, 1 серија со едно повторување.
Четврта недела: 3 серии по 5 повторувања со значително помал интезитет(deloading)
Интензитетот го регулираме на следниот начин:
Недела 1 Недела 2 Недела 3 Недела 4
Серија 1 65% x 5 70% x 3 75% x 5 40% x 5
Серија2 75% x 5 80% x 3 85% x 3 50% x 5
Серија3 85% x 5+ 90% x 3 95% x 1+ 60% x 5
По завршување на четирите циклуси односно четирите недели започнувате од почеток.Единствена разлика е што новото 1RM треба да биде: 2-2,5кг повеќе на бенч клупата и на потисок за рамо и 4-4,5кг повеќе за мртвото дигање и чучњевите.
Откако ќе завршите со вежби може да додате уште некоја вежба за поголем ефект.На пример:денот кога ќе вежбате на потисок на рамна бенч клупа може да додате и потисок на кос бенч.


