Полнети пиперки со паста од сончоглед
Состојки:
- 200 гр. сончоглед претходно потопени во вода
- 1 целер
- 2 чешниња лук
- 1 главица кромид или 3 млади кромитчиња
- сок од еден лимон
- 2 помали моркови
- малку црвена зелка
- половина лажичка хималајска сол
Подготовка:
Исцедете го сончогледот од водата. Зеленчукот измијте го добро, исечкајте го и измешајте го со сончогледот и сето тоа изблендирајте го. Пиперките исечете ги на половина и полнете ги со оваа смеса.


