Каква цел и да имате, што и да сакате да направите со вашето тело, резултатот секогаш зависи од усогласеноста на три компоненти и тоа: тренинг, релаксација и се разбира исхраната. Доколку и дури само една од овие работи не е адекватно застапена, резултатот по целиот напор и потрошеното време ќе биде доведен во прашање.

Исхраната според многумина е најважна, а тоа и не е далеку од вистината. Постојат некои основни принципи на исхраната во однос на целта што сакаме да ја постигнеме (добивање на мускулна маса, губење на вишокот на масни наслаги, добивање сила). Сепак, бидејќи секој од нас е посебна индивидуа и секој од нас има различни потреби на кои треба да се прилагоди планот на исхрана, само по себе отвара широк спектар на можности за грешка.

Во продолжение следат неколку типични грешки во исхраната што постојано може да се сретнат во нашето секојдневие.

1.Строго дефинирање на периодот на траење на диетата

Се разбира дека за секоја цел треба да утврдиме некој датум на кој би сакале да ја постигнеме истата. Сепак, голем број луѓе (иако тоа не го признаат) си размислуваат на следниов начин „ Ок, значи диетава (читај тортурава) трае толку и толку дена. Уф кога ќе заврши ќе се нагостам со се она што не можев да си го дозволам за време на диетата”…

Резултатот од ваквото размислување веќе погодувате е – типичен јо-јо ефект каков што може да се очекува по било какви ограничувања во диетата , а штом таа заврши, личноста ќе се врати на старите навики.

Решението на овој проблем лежи во сфаќањето на одреден начин на исхрана како начин на живот.Така на пример ако сакаме да изгубиме вишок на масни наслаги, се придржуваме до одреден начин на исхрана и вежбање (се подразбира дека треба  програмата да биде индувидуализирана и направена од професионални нутриционисти. Кога ќе бидеме задоволни од постигнатото, не треба да се вратите на старите навики, туку да ја прилагодиме исхраната на новонастанатата ситуцаија, како би можеле да ги одржуваме резултатите од вложениот труд.

 

2.Премногу бавно усвојување и често прекинување на планот на исхрана

На лицата на кои избалансираната исхрана им е непозната и кои најчесто ги консумираат рафинираните намирници кои што може да се најдат на полиците на супермаркетите, наглата промена кон конумирање на здрава храна може да им биде премногу и тие ќе одат чекор по чекор се додека не дојдат ди сосема чиста и здрава исхрана. Но и тука лежи стапица, бидејќи тоа “чекор по чекор” може многу да се оддолжи, а луѓето постојано да наоѓаат оправдувања за да се дружат уште малку со “старата” исхрана. Постојат, се разбира, и луѓе кои имаат силна волја и кои веднаш ќе го променат начинот на исхрана.

Решение за ваквите “неодлучни” е: да си постават краткорочна цел во рок од најмногу една недела во целост да се префрлат на новиот начин на исхрана. Откако новиот начин на исхрана ќе го усвојат и  ќе се придржуваат на него да речеме еден месец, ќе биде се многу полесно затоа што тоа создаваат навики на добра и правилна исхрана, а голем дел од тоа се должи и на избалансираниот хормонален статус.

 

3.Премногу еднолична исхрана

Ова е прилично честа појава, затоа што луѓето немаат време за готвење, или пак немаат доволно желба, па се ограничуваат само на оброци кои најбрзо се подготвуваат. Автоматски на овој начин ние сме ги ограничиле изворите на макро и микронутриенти кои ги внесуваме во нашиот организам, а кои се од суштинско значење за оптимално функционирање на нашиот организам. На нашето тело му се потребни разновидни намирници за да функционира подобро, да може да врши детоксикација, да произведува хормони, ензими, невротрансмитери, итн …

Изворите на протеини е особено чувствителна приказна. Освен што е неопходна разновидност на протеинските извори, со цел да се обезбеди целосен профил на сите аминокиселини кои му се неопходни на телото, ние не треба да заборавиме дека протеините се алергени. Докажано е дека луѓето кои подолго време консумирале само еден  ист извор на протеини, подоцна развиле алергија на таа намирница.

Решението е едноставно – во секоја диета постои доволно широк спектар на намирници кои би можеле и треба да ги консумирате

 

4.Земање на премногу или премалку /воопшто суплементи

greski_dieta1

Постојат два табора кога станува збор за суплементите. Претставниците на првиот табор типично ќе ви речат “јас не би ја внесувал оваа хемија, сигурно е можно се да се внесе се преку исхраната.”

Зборот хемија парадоксално секогаш се поврзува со некоја негативна конотација, иако буквално се што се случува околу и во нас е – хемија! Па и нашето тело е една голема лабораторија која работи 24/7!

Лицата кои сметаат дека е можно да се внесе се преку исхраната, сигурно нема да консумираат да речеме, цинк во таблети, иако речиси е сигурно дека имаат дефицит на овој минерал како што има и најголемиот дел од населението, а од друга страна, пак, сигурно ќе пробаат некогаш некој вид на брза храна или ќе внесат друга “хемија” преку алкохол или цигари. Секако дека и ова не е добро!

Другата крајност, пак, се луѓе кои измешале, испиле се што е можно во смисла на капсули и таблети, само да дојдат до побрзи резултати, да се ослободат од готвење и слично. Овие другите, пак, посакуваат суплементацијата да им стане редовна исхрана.

И едното и другото се екстремности. Правилното решение лежи некаде во средината. Основата на секоја диета ја сочинуваат правилно избалансирани намирници. Сепак, не сите намирници се вклопуваат во сите диети и во тие случаи остануваме лишени од хранливите состојки присутни во овие намирници. Во таков случај е препорачливо да посегнеме по суплементација за да го внесеме сето она што ни недостига во исхраната.

Значи, суплементите треба исклучиво да бидат само додаток на исхраната, а никогаш нејзина замена! Освен за општата популација, суплементите се исклучително важен дел на исхраната на спортистите, а особено на оние на кои теретаната, односно тренингот со оптеретување им е во преден план.

 

5. Несоодветно подготовување на храната

Тука првенствено се мисли на недоволната термичка обработка на храната. Резултатот на тоа е нецелосно искористување на хранливите материи во гастроинтестиналниот тракт или дури и целосно губење на хранливите состојки од намирниците.

Класичен пример за тоа е печење на маслиново масло. Квалитетното маслиново масло не се нарекува “ладно цедено” без причина, туку затоа што термичката обработка на маслиновото масло ја нарушува структурата на молекулите. Наместо тоа, печете на путер. ДА – путерот е богат со заситени масти и НЕ – заситените масни киселини не се штетни и сами по себе не го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања!

Протеинските намирници, исто така, бараат посебно внимание при подготовката, со цел да се создадат услови за максимална апсорпција на аминокиселините при варењето на храната. На пример, едно свежо јајце е речиси несварливо. Но, доколку истото тоа јајце го испечеме, аминокиселините стануваат подготвени за апсорпција.

Значи, белката од јајцето спаѓа во еден од “најбрзите” протеини. Еден пример за спротивно делување на термичката обработка е месото. Месото е прилично добро сварливо и сурово. Доколку се готви, особено доколку се превари, квалитетот на протеините (употребливоста) се повеќе опаѓа.

 

6. Елиминација на мастите од исхраната

За среќа, полека но сигурно, заблудата за мастите како штетни прехранбени намирници исчезнува, и своето место му го отстапува на фактот дека мастите мораат да бидат рамноправен и составен дел на исхраната.

Мастите сами по себе не дебелеат. Здебелува лошото планирање и комбинирање на намирниците, консумацијата на рафинирани производи и слично. Меѓутоа, мастите кај еден просечен човек се сеуште главниот негативец кој сакаме да го исфрлиме која сакаме на пример да ја намалиме телесната тежина.

Тука големо влијание има и прехранбената индустрија со цела низа на low fat и lightпроизводи (кои содржат минимални количини масти, но за да го задржат вкусот им се вметнати јаглехидрати), како и г-дин Келог кој претстави концепт на високо-јаглехидратен појадок (кој сеуште жари и пали).

И ден денес, доколку ја пребарате на Google “пирамидата на исхраната”, ќе добиете бројни резултати каде основата на пирамидата се состои од житарки и храна богата со скроб, а најтенкиот дел на пирамидата се состои од масти, масла и (оправдано) слатки.

Решение: Настојувајте соодносот на омега-3: омега-6 да биде приближно 1: 1, а заситените масти би требало да сочинуваат околу 25% од вашиот вкупен дневен внес на масти. Она што треба да го елиминирате е комбинацијата на масти и јаглехидрати во ист оброк!

 

7. Јадете погрешни работи во погрешно време

greski_dieta2

Типичен пример за Марфиев закон е дека најголеми глупости ни се јадат кога имаме најслаба концентрација и најдобри шанси тоа да заврши лошо по нашата линија.

Еден таков лош период од денот се вечерните часови, кога некои социјални моменти (на пр. вечера со пријателите) или осаменото седење пред мониторот “не тераат” на грев, а раката сама посегнува кон забранетото овошје. Таков луксуз можеме да си дозволиме само доколку сме го заслужиле тоа, односно ако сме многу искусен вежбач кој штотуку завршил со уште еден напорен тренинг со оптоварување и таквото ненадејно зголемување на гликозата во крвта ќе биде, всушност, многу корисно (ќе ги пополни испразнетите гликогенски резерви и ќе го подобри опоравувањето), а нема да доведе до складирање во облик на масти. Значи, како што гледаме на овој пример, нема едно и единствено правило за тајмингот на хранливите материи, но тоа секогаш мора да има оправдување.

 

Една честа грешка кога сте на диета е и високо-јаглехидратниот оброк непосредно пред тренингот, затоа што телото за време на тренингот треба да ги троши гликогенските резерви за енергија, а не глукозата од крвотокот. Исто така, нема многу смисла и внесот на брзоапсорбирачки протеини (whey) како последен оброк пред спиење. Во овој случај ќе ни биде потребен бавноослободувачкиот протеин (казеин), кој за време на спиењето ќе дејствува антикатаболички.

 

8. Занемарување на етикетите со информации во врска за хранливите вредности на артиклите

И покрај тоа што е најправилен начин да ги набавувате сите намирници на дневна основа, а најубаво би било сами да ги одгледувате- што за најголем дел од луѓето во градовите е премногу комплицирано или невозможно, а за тоа тие немаат ниту можност ниту време.

Така како најекономска и временски најисплатлива опција преостанува купувањето на намирници во супермаркетите, а тоа со себе носи одредени замки и можност за купување на нешто што и не е најдобар избор. Секогаш кога можеме, предност треба да им дадеме на основните прехранбени намирници, а не производи кои гледаат во нас од полиците со шарени пакувања.

На пример доколку немаме можност да користиме домашно, ладноцедено маслиново масло, принудени сме да го купиме во продавница. Изборот е огромен, опсегот на цени исто така, а една анализа покажала дека производителите во многу случаи додаваат  вода или масла со пониска вредност и на тој начин ги мамат купувачите за количината која ја продаваат.

Следната можност за грешки се производите што веќе ги споменавме- “light/low fat”. Исто така прехранбената индустрија е многу вешта во користењето на терминот “целосни или полни зрна”. Единствената варијанта во која зрното е навистина целосно (интегрално) е тоа кога тоа исто зрно не го поминало процесот на мелење. На пример, добар пример за интегрирани намирници, е интегралниот ориз. Во однос на шопингот во супермаркетите: доколку сте склони кон купување работи кои не ви требаат и ја попречуваат вашата диета, одите на шопинг со полн стомак. Тоа често помага.

 

9. Недоволно внесување на течности и избегнување на сол

greski_dieta3

Солта стана главен непријател, бидејќи се поврзува со високиот крвен притисок и сето она што доаѓа со него. Главен извор на сол во комерцијалната исхрана на современиот човек се преработените производи, раазните подобрувачи  на вкусот кој се додаваат на полуготовите јадења, сокови и слично. Меѓутоа, доколку се исхрануваме правилно елиминирајќи ги таквите производи од својата исхрана, ние сме се ослободиле и од прекумерното внесување на сол. Значи, вие можете слободно во разумна мера да користите сол, бидејќи, се додека се храниме со основните, изворни намирници, нема ништо лошо во тоа да им додадеме малку сол и зачини за да им го подобриме вкусот.

Што се однесува до водата, голем број на луѓе се лошо хидрирани, иако не покажуваат надворешни знаци на дехидратација. Течноста, односно водата е од суштинско значење за мноштвото (ако не и сите) физички процеси на клеточно ниво. Грубото упатство за дневен внес на вода би бил 0,4-0,5 дл на килограм телесна тежина.