Одложување

 

Во последно време се поголем број научници се занимава со оваа тема и се обидува да открие што стои зад одложувањето – одложување на обврските, на донесувањето одлуки… Професорот Адам Грант смета дека не се работи само за мрзеливост, туку дека оние луѓе кои одложуваат всушност го чекаат вистинското време. Кажано со други зборови, оваа не толку убава навика ја зголемува кретивноста кај луѓето, бидејќи луѓето си даваат на себе време за да развијат некаква поголема, подобра идеја.

 

Грицкање нокти

 

Никако не е препорачливо да се грицкаат нокти, но интересни се резултатите од едно истражување кое следело 1.000 мали деца од мигот кога наполниле пет години. Кога тие имале 5, 7, 8 и 11 години, истражувачите ги прашале нивните родители дли тие ги грицкат ноктите или можеби дали го цицаат палецот. Третина од децата ја имале едната или двете навики.

 

Подоцна, кога тие деца имале 13 и потоа 32 години, научиците спровеле алерготест. Се покажало дека возрасните кои како деца имале некоја од овие две навики, биле помалку склони на развој на алергии.

 

Доцнење

 

Ретко нешто ги нервира луѓето повеќе од постојаното доцнење на некои. Ако и вие никогаш не стигате на време, веројатно знаете дека тоа не е добро ни за личните ни за професионалните односи, бидејќи поради тоа изгледате неорганизирано и многумина сметаат дека со тоа не го почитувате нивното време.

 

Сепак, ако веќе доцните, тоа може да значи дека сте многу оптимистични и доста нереални, како и дека немате вистинска перцепција за времето.

 

“Кукање”

 

Никој не ги сака оние кои постојано се жалат – на здодевните колеги, на дождот, на сонцето, на лошиот ресторан… Меѓутоа, неодамна спроведеното истражување покажало дека тие се повнимателни, бидејќи размислуваат малку поинаку, но и се исто така и посреќни од оние кои едноставно прифаќаат се.

 

Џвакање гума за џвакање

 

Постојат ситуации во кои не е воопшто пристојно да се џвака гума за џвакање – на пример, кога одите на разговор за работа. Но, кога сте сами или во друштво на блиски луѓе, тоа може да биде и добро затоа што, велат стручњаците, џвакањето гума за џвакање е клучно за продуктивноста и опуштањето.

 

Истражувањата покажале дека џвакањето гума за џвакање помага да се фокусираме, го подобрува расположенито и го намалува нивото на хормонот кортизол, кој е одговорен за стрес.

 

Неуредна маса

 

Ако ја делите работната маса со колега, крајно е непристојно на неа да имате неорганизиран куп хартии. Но, ако имате своја работна маса, тогаш вашиот неред може да има добра страна. Неодамнешното истражување покажало дека нередот ги ,,тера,, луѓето да се фокусираат на својата цел и редот да го бараат на некое друго место.

 

 

Фантазирање

 

Пред седум години научниците објавија студија чии резултати укажуваа на тоа дека фантазирањето не прави несреќни. Меѓутоа, најновите истражувања покажуваат дека неколку минути фантазирање дневно, во кое ќе си дозволите да замислувате сешто, ќе ве направи попродуктивни и покреативни.

 

Се покажало дека ако сте сред некоја тешка задача и ако само десеттина минути си дозволите да фантазирате, побрзо и полесно ќе најдете решение кога ќе и се вратите на задачата.

 

 

Тагови: навики
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина