5 причини поради кои требате да правите мечкино ползење
Постојано бараме вежби кои можеме да ги правиме и дома, а кои притоа нема да бараат голем простор, тегови или справи. Мечкиното ползење е совршена ваква вежба, која ќе ви помогне да го доведете своето тело во ред.
Вежбата се прави на следниов начин:
Клекнете на колена и потпрете се со дланките на земја, а потоа подигнете ги колената и зстанете во ползечка положба. Грбот мора да ви биде прав, а колената не смеат да одатт во страна. Се што треба да правите е да ползите со наизменични движења.
Ви претставуваме 5 причини поради кои морате да ја правите оваа вежба:
1. Ги придвижува речиси сите мускули во организмот
Поради положбата во која се наоѓате, оваа вежба ги раздвижува сите мускули од вашето тело. Поради тоа многу брзо ќе се изморите.
2. Делува особено на нозете
Оваа вежба има големо влијание врз ножните мускули, што е особено корисно посебно ако тренирате дома, бидејќи сигурно се имате изморено од многубројните чучнувања.
3. Го подобрува дишењето
Поради тоа што е тешка вежба, дишењето ќе ви биде отежнато, па со помош на оваа вежба ќе го зголемите и капацитетот на белите дробови.
4. Делува позитивно на ребрата и карлицата
Доколку имате карлични болки, оваа вежба ќе ви помогне. Положбата во која се наоѓате го симнува товарот од карлицата и вашите ребра, па ќе почувствувате големо олеснување ако имате болки во овие делови.
5. Ги јакне рамењата
Поради тоа што се потпирате на рацете, оваа вежба е одлична за вашите рамења. Ако редовно ги правите овие вежби, ќе забележите како рамењата ви стануваат поцврсти и посилни.
Погледнете го видеото за тоа како се прави оваа вежба.