Овошјето е вистински сојузник на нашето здравје, со оглед на тоа што е многу лесно сварливо, го храни телото со есенцијални витамини и други минерали. Освен тоа, покрај овошјето не смееме да заборавиме да консумираме и многу зеленчук, давајќи предност на зеленото и црвеното. Овошјето, пак има друга голема предност – содржи многу вода, која исто така ја оддржува кожата.

Дневна доза на витамини

Многу креми нудат чуда во одржувањето на убавиот тен со нивните производи, но она што е потребно да се направи е детоксикација на телото и однадвор и одвнатре да го храните со летно овошје.

Најнутритивни овошја

Изборот на овошја варира, но она кое треба да го одберете е она кое е најнутритивно, кое ќе може да ја храни длабоко кожата, додека во исто време ќе го штити од надворешните влијанија. Ова се петте најдобри и најнутритивни овошја.

Грозје

Благодарение на изобилството од витамини, минерали, овошни киселини, висококвалиттени антиоксиданси кои ја штитат кожата од стареење, грозјето се рангира меѓу овошјата на највисокото место и е чест избор во козметичката индусрија.

Боровинки

Боровинките се прпеолни со витамин Ц и се одличен извор на влакна. Тие ја регенерираат кожата и прават кожата да изгледа поздрава. Содржат исто така и полифеноли, кои помагаат во борбата против слободните радикали и штитат од превремено стареење.

Манго

Мангото има одличен вкус, богато е со витамините А и Ц и со железо. Помага во варењето и дава одлична енергија. Полно е со бета-каротен, кој е исто така одличен антиоксиданс.

Малини

Како и боровинките, така и малините се преполни со антиоксиданси, кои штитат од воспаленија и кои јахранат кожата одвнатре. Пробајте да јадете само неколку дена по ред малини и ќе забележите веднаш како ќе ви се ренорвира кожата и ќе стане многу поздрава.

Кајсии

Кајсиите се богати со растителни протеини, витамини А и Ц, ликопен и антиоксиданси, кои ја штитат кожата од сончевите зраци.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина