Постојат четири основни типови на градба на женското тело. Облините и килограмите се менуваат во текот на животот, но не и градбата – таа е одредена со структурата на скелетот. Затоа, пред да тргнете на фитнес или да се ставите на диета, проучете го своето тело и дознајте кои вежби ќе ви донесат најдобри резултати.

Доколку за време на празниците сте изеле премногу храна и слатки, или сте испиле некоја чаша повеќе, погледнете што препорачува личниот тренер на бројни познати убавици, Мет Робертс. Имено, тој има направено кус пресек на најдобрите вежби, кои се поделени во четири групи во зависност од тоа на кој облик на женското тело се наменети. Неговите ефикасни тренинзи, кои ги практикуваат познатите ѕвезди, меѓу кои се и Бијонсе, Кетрин Зета-Џонс, Џенифер Лопез и Кејт Винслет, се темелат на целни вежби прилагодени на женската телесна градба, која се дели на четири категории: круша, јабоко, песочен часовник и цевка.

 

tipovi1

 

Карактеристики на типот круша

Најчеста градба на женската фигура е крушата. Ако горниот дел ви е забележливо помал од долниот и ако вишокот килограми ви се таложи на колковите и бутовите, тогаш му припаѓате на овој тип. Типот круша има долг и убав тенок врат, спуштена рамења, мали или средни гради, дефинирана половина и изразени облини.

 

 

Познати личности со оваа градба

Бијонсе, Ријана и Џенифер Лопез

krusa-gradba

Целни вежи

Одење по накосена падина и трчање. Тренинзи со куси и интензивни интервали за долниот дел на телото, кои согоруваат калории и го забрзуваат метаболизмот, како што се на пример разни видови чучнувања.

Карактеристики на типот јабоко

Градбата јабоко е препознатлива по тоа што горниот дел на телото е забележливо поголем од долниот, а најголем дел од масата се наоѓа во пределот на стомакот. Половината не е дефинирана и е широка. Овој тип се карактеризира со полно лице и врат, широки рамења, средни или големи гради, тесни колкови и тенки нозе. Вишокот килограми им се таложат во пределот на половината и стомакот.

Познати личности со оваа градба

jabolko

Кетрин Зета-Џонс, Мелани Грифит, Дру Баримур

Целни вежби

Тренинзи со интервали, кардио вежби, како што се трчање и возење велосипед, кои трошат калории. Понапорни и посилни вежби за долниот дел на телото. Треба да се одбегнуваат вежби со голема тежина на горниот дел од телото.

 

Карактериситки на типот песочен часовник

Оваа фигура се смета за најидеална женска фигура. Таа е рамномерно заоблена (со облини на сите типично женски места), со јасно деифнирана половина – фигура на песочен часовник. Овој тип рамномерно го распределува вишокот килограми по облините. Го карактеризираат симетрично широки рамења, полни, обликувани гради, средно широки колкови, кои се пропорционални со рамењата, и убаво обликувани нозе.

Познати личности со оваа градба

Кејт Винслет, Софија Вергара, Салма Хајек

 

pesocen-casovnik

 

Целни вежби

Трчање, танцување и интензивни кардио – васкуларни вежби. Треба да се внимава со исхраната и со драстичните диети, за да не се загубат природните облини.

Карактеристики на типот цевка

Оваа фигура е рамна, правоаголен тип на градба. Нема многу облини. Вишокот килограми се распределува низ целото тело – од лицето и рацете, се до остатокот од телото. Главни карактеристики на овој тип се мали гради, тесни колкови и малку нагласена половина.

Познати личности со оваа градба

Тејлор Свифт, Кира Најтли, Ема Вотсон

cevka-gradba

Целни вежби

Зголемено внесување на протеини и јакнење на мускулната маса. Треба да се применуваат комбинации од кардио вежби и силни тренинзи за сила на целото тело, со цел да се зголеми мускулната маса.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина