Целерот е добар извор на витамините А, Ц и Б (посебно на фолната киселина) и на важни минерали, како што се калциумот, калиумот и магнезиумот.

Добар е за очите. Едно големо парче целер содржи во себе 10% од препорачаната дневна доза на витаминот А, кој пак е многу важен за здравјето на очите.

Може да биде еден вид замена за солта. Целерот содржи натриум – така што слободно може да се каже дека тој е еден вид на природна, органска сол, која е добра за здравјето.

Го помага варењето. Содржи многу нерастворливи влакна и многу вода (95%), така што благодарение на тоа делува многу поволно на работата на цревата.

Ја регулира pH рамнотежата во телотоЦелерот помага телото да не ни стане премногу кисело, бидејќи содржи алкални материи, вклучувајќи ги калиумот, магнезиумот, железото и натриумот.

Помага во оддржување на телесната тежина. Ако се обидувате да ослабнете, целерот е одличен избор за тоа. Има исклучително малку калории – едно парче целер има во себе само 10! А покрај тоа е и одличен извор на растителни влакна кои даваат чувство на ситост и кои ја помагаат работата на цревата.

Помага за детоксикација на телотоЦелерот делува како диуретик, а има и супстанции кои помагаат за елиминирање на токсичниот отпад од телото.
Може да го намали високиот крвен притисок. Утврдено е дека сировиот целер го намалува крвниот приисок, благодарение на хемијалијата 3-н-бутилфталин (скратено 3нб) која ја содржи во себе.

Ублажува болка. Истото соединение кое помага за намалување на високиот крвен притисок му овозможува на целерот да придонесе за ублажување на болки предизвикани од артритис, гихт и фибромиалгија.

Содржи антиканцерогени супстанцииЦелерот ја содржи фитохемикалијата кумарин, која ја зголемува активноста на белите крвни зрнца. На тој начин помага за превенција на некои облици на рак, посебно на рак на дојката. Некои истражувања укажуваат дека редовното консумирање целер значително може да го забави формирањето на малигните клетки кај ракот на дојката.

Делува смирувачки на нервите. Поради богатството од магнезиум, целерот помага за намалување на стресот. Исто така, тој содржи едно есенцијално масло кое го смирува нервниот систем и кое помага за подобар сон. Затоа е добро да се јаде за вечера.

Делува противвоспалителноЦелерот намалува воспаленија, па ќе биде добрдојден доколку патите од воспаление на зглобовите или од астма.
Придонесува за јакнење на имунитетотЦелерот содржи значајна количина на витамин Ц и други антиоксиданси, што придонесува за јакнење на имунитетот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина