Природниот начин со кој можете да ја зголемите енергијата со која располагате се разновидната исхрана и добриот сон. Во продолжение ви претставуваме кои видови зеленчук ќе ви помогнат да имате поголема енергија, да бидете поиздржливи и посилни.

Сок од цвекло

Една неодамнешна студија направена од страна на универзитетот Ексетер открила дека сокот од цвекло може да ги зголеми човековите физички перформанси во текот на денот за околу 16%. Причината за ова зголемување се нитритите. Тие го намалуваат крвниот притисок и доведуваат до подобри перформанси, посебно при високо интензивни тренинзи.

Киноа

Прогласена е за свето зрно на Инките, со кое се хранеле нивните воини. Ова мало, но високо енергетско зрнце, може да се вари како ориз само 10 минути, што го прави идеална состојка за оброк пред трчање. Во себе содржи 8 есенцијални амино киселини, полно е со витамини и минерали, плус има голема содржина на влакна.

Пченка

Пченката е полна со јагленохидрати, кои се лесно сварливи, и затоа се многу добри како за време на лесни, така и за време на потешки тренинзи. Со растење на интензитетот на тренинзите, телото почнува да го согорува гликогенот (што претставува побрза резерва на енергија, која се наоѓа во црниот дроб и мускулите). Гликогенот прави вашето тело полесно да го издржи потребниот напор. Телото го произведува гликогенот од јагленохидратите со кои изобилува пченката.

Спанаќ

Спанаќот е еден од најдобрите природни исцелители и е неопходен во секоја исхрана за зачувување на здравјето. Тој содржи витамини кои помагаат во зголемувањето на издржливоста, а ги содржи и витамините А и Ц. Освен тоа, спанаќот помага за јакнење на коските и со тоа спречува многу здравствени проблеми поврзани со тоа.

Зелена зелка

Студиите покажуваат дека зелената зелка е градител на мускулите, чистач на крвта, но дека е исто така корисна и за очите и за видот. Содржи фитонутритиенти, кои работат на заштита на организмот од слободните радикали.

spargla

Поточарка

Поточарката е совршен мултивитамински зеленчук од природата. Таа го детоксифира организмот, а во себе содржи витамини А, Ц и Б, магнезиум и калциум во ограничени количини. Поради ова се препорачува за јакнење на коските и за јакнење на имунитеот поради своите мултивитамински способности.

Зелена салата

Зелената салата помага во издржливоста и го јакне имунолошкиот систем. Таа исто така помага во намалувањето на крвниот притисок и е корисна за многу спортисти. Исхраната богата со висока концентрација на нитрати, како што ги има зелената салата, може да им помогне на оние кои страдат од висок крвен притисок и е од голема помош при зголемување на издржливоста.

Тиква

Не само тиквата, туку и нејзиното семе, познато како ,,пепита,, се преполни со минерали. Имаат и антивоспалително дејство и се одличен лек против депресија. Можат да помогнат и при рак на простата и остепороза.

Модар домат

Модриот домат е едно од ретките зеленчуци кои содржи важни антиоксидативни состојки и фитонутриенти, покрај минералите, витамините и протеините. Фитонутритиентите имаат одредени фенолски компоненти, како што се хлорогенската киселина и флавоноиди, како што е насунинот. Консумирањето на модар домат помага да се одржува балансот на внесувањето на сол, што подоцна значи одржување на нивото на хидратација.

Шпаргла

Кондицијата се зголемува ако целото ваше цело е во форма. Ако се префрлите на исхрана со низок гликемиски индекс, како што е шпарглата, ослободувањето на енергијата ќе биде рамномерно и долготрајно. Поради недостигот на гликоген, немате да правите притисок врз панкрасот, ќе се чувствувате подобро, а вашите перформанси и кондиција ќе растат. Шпарглата помага и пи превенција при формирањето канцерогени тумори.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина