Се работи за натриум флуоридот кој се додава во водата. Според најновата студија објавена во списанието Journal of Water Health, со додавањето на натриум флуорид во водата, се зголемува ризикот од развој на дијабетес тип.

Имено, студијата која ја спровел доктор Кајл Флуџ, покажува дека флуоридот има директна врска со зголеменета стапка на заболени од оваа подмолна болест.

Флуџ, здравствен економист на њујоршкиот здравствен оддел, го завршил истражувањето како пост-докторски соработник на Универзитетот Case Western Reserve. Тој користел математички методи и јавно достапни податоци за да ја истражи врската помеѓу зачестеноста на дијабетес и нивото на флуоридација во водата во 22 држави. Студијата е прилагодена за дебелина и телесна неактивност.

Неговите резултати, добиени од 2 вида регрециски анализи покажуваат дека додавањето на натриум флуорид во водата од чешмите значително е поврзано со растечката стапка на појавата на дијабетес тип 2 од 2005 до 2010 година.

– Моделите беа концентрирани на исходите на зачестеност и преваленција кај двата вида, природниот и додадениот флуорид – соопштил Флуџ

Тој, исто така, открил и дека зголемувањето од 1 мг. флуорид на просечно ниво во еден град довело до зголемување од 0,17% случаи на дијабетес!

Флуџ додава дека, наспроти натриум флуоридот, флуорисиликатните киселини во водата се борат против настанувањето на дијабетес тип 2, а оваа супстанција е поврзана со намалената зачестеност на дијабетес. Исто така, податоците покажуваат дека во водата во градовите кои се потпираат на природните нивоа на флуириди, има пониска стапка на дијабетес.

Доктор Флуџ додава и дека неговата студија сама по себе не би требало да поттикне промени во политиката на флуорисување на водата во водоводите, туку да укаже на потребата за понатамошни истражувања.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина