Не е многу тешко да се препознае дали ви е pH нивото во организмот нарушено и дека е време за промена со цел да си го зачувате здравјето

 

Веќе е познато дека за здравје на организмот многу е важно какво е неговото pH. Исто така, познато е дека за организмот пожелно е да има алкална, a не кисела средина, бидејќи ова второво е поподложно на развој на разни бактерии, вируси, габи, па според тоа и на разни болести. Но, како да се препознае какво вие е pH нивото во организмот и на кој начин да го вратите да биде поволно и последично на тоа да се чувствувате добро и да бидете здрави?

 

Јадете многу преработена храна

Честото консумирање преработена храна и храна богата со шеќери може да го наруши pH нивото, што може да биде причина за чести вирусни и бактериски заболувања, како и појава на габични заболувања, кои прекумерно се намножуваат во кисела средина.

 

Не консумирате доволно цитрусно овошје

Иако звучи неверојатно, цитрусното овошје има алкален егект врз организмот, а тоа помага во регулацијата на pH. На тој начин го подобрува имунолошкиот систем и целокупниот организам. Секој ден додавајте малку лимон во водата, портокал, грејпфрут и слично овошје. Тоа многу ќе придонесе за рамнотежа и ќе му помогне на организмот.

 

Не консумирате доволно течности

Премалата количина течности или претераното консумирање слатки напитоци може да доведе до зголема киселост на организмот. Кога се работи за хидратација на организмот, најдобро е едноставно да се пие вода, во која за вкус може да се додаде цитрусно овошје.

 

Тестирајте го своето pH

Со помош на ленти за тестирање на pH и малку плунка може да дознаете какво ви е pH – кисело или алкално. Идеалното ниво на pH за организмот е 7. Секогаш е подобро да е алкално отколку кисело.

Јадете премногу животински протеини

прекумерното консумирање животински протеини може да доведе до зголемена киселост на организмот. Затоа е многу важно покрај месото и месните преработки да се консумира зеленчук, посебно оној свежиот, во облик на салати. Исто така, ако сте љубител на месото, погрижете се барем еднаш во два дена во неделата да не јадете месо и исхраната да ја базирате на овошје, зеленчук и житарки.

 

Не јадете свеж зеленчук

Зеленчукот најмногу своите свежи состојки ги содржи кога е во сирова форма. Бидејќи тогаш најмногу и му помага на организмот да ја оддржи алкалноста.

Премалку калиум во организмот

Калиумот е многу важен минерал кога се работи за оддрѓување на алкалноста на организмот. Во случај на негов недостаток може да дојде до презакиселување на организмот. За да обезбедите доволни количини калиум во организмот, јадете цитрусно овошје, бобинки, круши и дињи.

Не спиете доволно

Стручњаците тврдат дека киселоста на pH во организмот може да доведе до проблеми со спиењето, па дури и до несоница. Правилната исхрана, богата со магнезиум и калциум може да помогне во враќање на алкалната pH и секако за подобар сон.

 

Тагови: PH вредност
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина