Зборот ,,тантра,, е составен од два збора – таноти (ширење) и (ослободување), што значи метод на ослободување преку ширење, додека тантри или тантризам е религија која свој подем доживејала околу 1000 година од нашата ера во јужна Азија. Кај тантричкиот секс, енергијата тече помеѓу двата љубовници и го подобрува нивното задоволство и оргазам, а сето тоа трае многу подолго отколку кај обичниот секс. Како што тврди сексуалната терапевтка Ава Кадел, тантрата е емоционална интимна пракса и е одлична за долготрајни и лежерни односи. Штом еднаш ќе го пробате тантричкиот секс, повеќе никогаш нема да посакате да се вратите на ,,старо,,, а вашиот партнер ќе биде ,,луд,, за вас.

1. Здив

Со правилно дишење за време на сексот можете да ја зголемите интимноста и да го поттикнете оргазмот. Колку побрзо дишете, толку побрзо ќе биде и вашиот оргазам. Затоа, забавете. Станете свесни за секое вдишување и издишување. Урамнотежете го својот здив со партнерот. Во тантрата постојат разни вежби, со помош на кои ќе научите да ја разменувате својата животна енергија со партнерот.

Најдобар начин за почеток е позата кај која жената е врз мажот. Рацете ставете ги еден на друг на градите и урамнотежете го своето дишење, така што ќе издишуваате исотвремено кога и тој и обратно. Тоа можете да го направите и еден на друг во уста. Притоа е важно да се гледате в очи. Така се создава врска помеѓу здивот на партнерот и вас, но и помеѓу вашите души.

2. Движење

Допирот може да предизвика посебно чувство, а научно е докажано дека го намалува крвниот притисок, го подобрува имунитетот и ја засилува врската помеѓу двајца. За да ги доведете до максимум овие предности, вклучете тантричка масажа и предигра помеѓу вас и партнерот. Партнерот нека легне целосно гол, а вие намачкајте го телото со својот омилен лосион или миризливо масло за масажа и со него измасирајте го партнерот. Користете фантазија и масирајте го со здивот, косата, градите и други делови од телото. На тој начин ќе ги поттикнете ерогените зони.

3. Звук

Звукот делува како внатрешна масажа. Влијае врз клетките во нашето тело, кое реагира на вибрации и ослободува енергија. Гласот за време на секс има моќ за која можеби не сме ни свесни. Испуштањето звуци какооох“, „ааахилимммххму дава до знаење на партнерот дека ви е убаво и дека уживате. Тоа придонесува за поинтензивен оргазам.

4. Мускули

Сигурно веќе имате слушнато дека Кегеловите вежби помагаат да се зајакнат ѕидовите на грлото на матката, помагаат во лекување на инконтиненција и го закрепнуваат тонусот на мускулите по породување. Жената исто така може да проба да ги стега мускулите за време на водењето љубов, така што со мускулите ќе го стегне пенисот на партнерот. Ова ќе му даде интензивно уживање.

5. Намера

Вашите намери пред и по сексот го насочуваат целокупниот чин. Жените често се фокусирани на тоа да го задоволат партнерот, а притоа се запоставуваат себеси и своите потреби. Затоа вашата намера за време на тантричкиот секс треба да биде да искусите што поголемо уживање. За почеток, мастурбирајте пред партнерот. Намерата е со ова да се возбудите себе, а бонус е што со тоа ќе го возбудите и партнерот.

6. Внимание

Многу е важно за време на сексот да бидете фокусирани и свесни за сегашниот момент, што понекогаш е тешко, посебно ако мислите ви ,,шетаат,, наоколу. За да бидете сигурни дека сте фокусирани, Кадел препорачува да побарате партнерот да ви дозволи да го гледате в очи. Ако ви го дозволи тоа, кажете му што гледате во нив. Можеби ќе видите прекрасен љубовник, некој кој многу ве цени или кој ви е верен. Ова е добро за долги врски, но сепак малку поинтензивно за оние кои се уште не се толку сериозни. Ако тоа ви е премногу интимно, наместо тоа можете да се фокусирате на истражување на скриените ерогени зони на парнерот, како оние што се околу анусот и тестисите.

7.Конечна цел

Една од многуте предности на тантрата е ширењето на уживање и постигнување повеќе оргазми, кои траат долго.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина