Лошиот див настанува од повеќе причини, од расипани заби до проблеми со  варењето. Но, често се појавува поради она што јадеме или како последица од зголемено размножување на бактерии во устата.

Освен класичните помагала – вода за измивање на усната шуплина, каугума или ментол бонбони, постојат и одредени намирници кои брзо ја неутрализираат непријатната миризба и го освежуваат здивот.

 

Куркума

 

Овој зачин има антибактериски и антивоспалителни својства, кои го прават идеален во борбата против лошиот здив – ги уништува бактериите и го намалува воспалението на непцата. Од куркумата направете чај и пијте го со повремено жабуркање во устата.

 

Сода бикарбона

 

Растопете едно чајно лажиче сода бикарбона во чаша вода и додајте неколку капки етерично масло од нане. Со оваа течност мијте ја усната шуплина.

 

Ананас

 

Напијте се една чаша сок од ананас по зачинет оброк, бидејќи ќе го неутрализира силниот мирис во устата.

 

Јаболко

 

Јаболко, или некое друго крцкаво овошје (на пример, морков, целер) делува врз забите како природна четка за заби. Со нејзино џвакање се острануваат наслагите од забите одговорни за непријатниот мирис.

 

Вода

 

Оддржувањето на хидратаЦијата на усната шуплина делува речиси чудесно на сопирањето на создавањето на лошиот здив. Кога устата е сува, бактериите се таложат во неа, а плунката тоа о сопира. На сличен начин делува и водата. Сигурно сте забележале дека речиси секој иа непријатен здив при станување наутро – устата се суши, а бактериите се размножуваат.

 

Антисептични зачини

 

Циметот и каранфилчето имаат антисептични својства, кои помагаат во уништувањето на бактериите. Стручњаците советуваат да се јаде цимет или да се грицка каранфилче. Во двата случаи од овие зачини ќе се ослободат корисни состојки, кои обезбедуваат свеж здив.

 

Хлорофил

 

Хлорофилот го има во магдоносот, спанаќот и во другите лисјести зеленчуци, а помага во неутрализирањето на непијатните миризби од устата или општо од целото тело. Доволно е да се земе, да речеме, гранче магдонос и да се џвака.

 

Нане

 

Ова растение е најпознат природен препарат против лошиот див. Листовите свежо нане, освен што ја освежуваат усната шуплина, помагаат и за правилно варење на храната.

 

Тагови: лош здив
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина