Човечкото тело е преплавено со мали несовршености и аномалии. Некои особини ги наследуваме од родителите, како што се бојата на косата, висината и тежината. Но, постојат и оние особини кои се посуптилни, но не и помалку важни. Всушност, овие мали знаци можат да укажуваат на целокупната здравствена состојба и способности за кои не сме ни биле свесни.

Ако ги земеме за пример дупчињата во лумбалниот дел од грбот, можеме да претпоставиме бројни особини. Освен што често ги сметаме за слатки, веројатно сте ги наследиле од мајка си. Тие се воглавно денетски предиспозионирани. Според службените медицински описи, создадени се со кус лигамент кој се протега помеѓу задниот дел на карлицата и кожата.

 

Што значат тие показатели?

 

Според истражувањата, дупчињата на долниот дел од грбот се визуелно привлечни, но имаат и сексуална полза. Наводно жените кои ги имаат полесно постигнуваат оргазам, а објаснувањето се крие во положбата и обликот на карлицата и на грбните коски. Положбата на коските и мускулите во телото може да доведе до подобра циркулација, а со тоа и поголеми шанси за постигнување оргазам.

Дупчињата на грбот не укажуваат на ништо негативно. Можете да имате посилно изразени односно подлабоки дупчиња. Големината, обликот и изгледот на овие дупчиња зависи од тежината и градбата. Почесто се изразени кај жените.

Ако сте еден од оние кои ги имаат овие слатки мали дупчиња, запомнете дека можете дополнително да ги изразите со помош на вежби по јога. Положбата на телото во кобра положба ги јакне мускулите на целиот грб, ја подобрува флексибилноста и ги нагласува веќе постоечките дупчиња.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина