Кога последен пат јадевте? Што јадевте? Дали испивте доволно течности? Прескокнувањето на оброците, неизбалансираните оброци и дехидрацијата – сето ова може да ви ја ослабне менталната енергија и концентрацијата. (и, немојте да заборавите дека дел од вежбата се и доволната количина на сон и одморот).

Како она што го јадете влијае врз вашата ментална енергија?

Што воопшто претставува менталната енергија? Таа има всушност неколку обележја – вклучувајќи ги тука и вашето општо расположение, мотивацијата, како и вашето внимание и концентрацијата. Кога менталниот мотор ви е ,,расипан,,, голема е веројатноста дека врз тоа влијаела вашата исхрана. Па, еве ви нешто за размислување.

Што да јадете за да имате ментална енергија преку целиот ден?

Гликозата е единственото гориво кое нормално ги храни мозочните клетки, а таа се создава од јагленохидратите кои ги јадеме. По разградувањето за време на процесот на варењето, јагленохидратите влегуваат во крвотокот во облик на гликоза (,,шеќер во крвта,,). Бидејќи нашиот мозок работи 24 часа дневно, таа бара големи количини енергија. Но, мозочните клетки – невроните – не можат да ја складираат гликозата, а на мозокот му е потребна постојана потреба од истата. Затоа, држете се до здравите јагленохидрати – овошјата, зеленчуците и житарките од цело зрно, бидејќи тие ќе му го дадат потребното гориво на мозокот. Овие храни се многу богати со влакна и за да се сварат во организмот потребно е многу време, а тоа значи дека гликозата постепено ќе се испушта во крвотокот. Од друга страна, оброкот богат со преработени јагленохидрати може да ви се одмазди. Оваа храна брзо се вари и тоа може да доведе до нагло покачување на шеќерот во крвта и исто така и до негов брз пад. А, токму тоа прави да се чувствуваме ментално тромави.

Од сето погоре кажано може да се заклучи дека вашиот мозок треба да добива гориво во редовни интервали, а за да се постигне тоа треба да се јаде во редовни интервали во текот на денот. Така менталната енергија нема ,,да потоне,,. Целите кон помали оброци на секои 3-4 часа во денот. Тука, притоа, важна улога има појадокот. Давањето на енергија на мозокот започнува токму од него. Додека спиеме, мозокот имал полни раце работа и во текот на ноќта потрошил многу енергија. Започнете го денот со добро избалансиран појадок – шејк кој ќе вклучува здрави јагленохидрати и доза на протеини.

Најдобрите протеини за мозокот

Мозокот не ги користи само протеините како гориво, туку ги користи исто така и аминокиселините кои се создаваат од протеините. На тој начин тој создава важни хемиски соединенија. На пример, тирозинот, аминокиселина која ја има во оревите, гравот и млечните производи, му користи на организмот за да произведе допамин, кој пак ја поттикнува будноста и мозочната активност. Една друга аминокиселина, триптофан, кој го има во морските плодови, сојата и млечните производи, потребна е за создавањето на сератонинот, кој го поттикнува чувството на смиреност и задоволство.

Најдобрите напитоци за мозокот

Дехидрираноста на телото влијае врз расположението и на нивото на енергија. Кога веќе ќе сфатиме дека сме жедни, менталната енегија ни е веќе погодена. Водата е секогаш добар избор, додека кафето и чајот се прифатливи во умерени количини. Пијалоците кои содржат кофеин можат да помогнат при концентрацијата, но треба внимателно да постапуваме со нив.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина