Целулитот, односно дупчињата и неправилностите на кожата ги мрази секоја жена, а одењето на плажа и облекувањето костим за капење е вистински кошмар за оние кои имаат ,,портокалова кора,,. Доколку сакате да се ослободите од омразениот целулит, прво мора да заборавите на најчестите митови во кои многу жени цврсто веруваат.

 

Мит: Само жените со вишок килограми имаат целулит.

Не. Целулитот (масно поткожно ткиво кое создава нерамнини на кожата затоа што го турка сврзното ткиво) е непријател на секоја жена, без разлика на килограмите или обликот на телото. Ако имате вишок килограми, целулитот може да биде видлив, но на него влијаат и годините, генетиката, големото варирање на килограмите, па дури и оштетувањата од сонцето.

 

Мит: Кога губиме килограми, исчезнува и целулитот.

Со оглед на тоа што големото варирање на тежината е еден од клучните фактори за видливост на целулитот, со губењето на килограмите целулитот нема да исчезне. Напротив, може да биде уште повидлив. Брзите диети не се здрави, а со нагло губење на еластинот во кожата, целулитот само уште повеќе ќе се наѕира низ кожата.

 

Мит: Кардио тренинзите се најдобриот одговор на целулитот.

 
Да, со вежбање го јакнеме ткивото под кожата зафатени со целулит. Но, тоа не може да се случи од трчање. Мускулите најмногу ќе ги зајакнете со вежбање на силата со тегови, а кардио вежбите ќе помогнат за губење на масното ткиво.

Мит: Со липосукција целулитот ќе биде помалку видлив.

Освен што е скапа и болна, со липосукцијата само ќе ја влошите ситуацијата, бидејќи си поигрувате со дистрибуција на масното ткиво. Подобро држете се до вообичаената рутина на вежбање и прифатете го фактот дека сите ние го имаме.

Мит:Од целулитот можете да се спасите само со втривање антицелулитни креми

 
Колку и производителите на целулитни креми да ветуваат врвни резултати, се работи само за привид кој нема долгорочно и подлабоко дејство. Кремите можат многу успешно да ја нахранат кожата и да ја направат помазна и позатегната, но целулитот е длабински проблем и се работи за ткиво на кое кремите немаат ама баш никакво влијание.

 

Мит: Скапите третмани и спа понуди можат да гарантираат резултати.

Супер понудите на пакети за болни и непријатни третмани се се почести, но и овде се работи само за еден чекор за решавање на целулитот. Се работи за површинско мазнење на кожата и дренажа која не е решение, туку само камуфлажа која не трае вечно.

Мит: Целулитот е генетско наследство од мајка ви

 
Иако многу жени само ќе се насмеат, се работи за многу популарен мит во кои многу веруваат, но се разбира тоа не е вистина. Ако мајка и ќерка имаат ист проблем кој се поврзува со портокаловата кора, најчесто проблемот е во недостиг на вежби, работата која ја вршат и исхраната, а не за гените.

Мит: Целулитот ви останува до крајот на животот и не можете да се ослободите во која било животна доба.

 

Пешачењето, трчањето, возењето велосипед и другите облици на вежби за јакнење на мускулите на задникот и бедрата можат да го решат овој проблем. Со оглед на тоа дека целулитот доаѓа со опуштени мускули, овој проблем може да се ублажи и реши во секоја животна доба. Истото се однесува и за правилната и разновидна исхрана, а на вас останува да бидете упорни и доследни во отстранувањето на целулитот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина