kopriva_1

Присуството на манган во копривата ја ублажува старечката сенилност и заборавеност, нејзината секојдневна употреба е вистинска превентива против анемијата, а освен тоа на сите им е неопходно присуство на калциум во секојдневната исхрана.

Копривата е лековита билка која помага во многу болести, а особено се препорачува кај луѓе кои страдаат од бубрежни заболувања и помага при слабокрвноста.

Како да направите домашен сируп од коприва?

Копривата треба да ја наберете од места каде што нема некои отрови или издувни гасови. Одлично би било, доколку сте во можност, да ја соберете од природа на поголеми растојанија од асфалтот и улиците, секако со ракавици.

За три литри сок (приближно) потребно е:

– 30-40 врвови од млади коприви

– 3l студена вода

– 5-6 агруми пο ваш избор (може и комбинација од лимон, грејпфрут, портокал)

– 1 кг шеќер кој ќе го додадеме откако ќе отстои смесата

Начин на подготовка:

Соберете околу 30-40 врвови млади коприви (под врвови се подразбира врвот на растението и 3-4 листови подолу). Копривите потоа измијте ги, измијте ги и агрумите, изборот е ваш за тоа дали ќе одберете портокал, лимон, грејпфрут или нешто друго. Во водата ставете ги копривите и исечканите агруми. Поклопете го садот и оставете го да стои 24 часа. Следниот ден со рацете добро изгмечете ги состојките, па процедете и потоа додадете шеќер. Сирупот треба повремено да се промешува додека шеќерот не се раствори, а за шеќерот да се растопи потребни се отприлика околу 24 часа, па потоа сипајте во чисти и суви шишиња, и чувајте на студено и темно место.

kopriva_2

Супа од млади коприви

Состојки: 1 литар млеко, 1 кг млади коприви, 200 гр кисела павлака, 100 мл масло, 50 гр путер, 100 гр брашно, 2 чешниња лук, сол и бибер.

Подготовка: Младите коприви се чистат, се мијат со ладна вода, се цедат и се сецкаат. Во масло и на путер запржете го брашното, додека не се зарумени, додадете го крупно исечканиот лук и кратко пропржете. Потоа додадете коприви, прелијте со млеко, додадете и малку вода, зачинете по вкус и варете околу 10-ина минути. Во готовата супа, помешајте и кисела павлака. Супата послужете ја топла.

Чај од коприви

Во една чаша вода ставете една до врв полна лажичка коприви (листови и стебла). Со врела вода прелијте ги копривите, покријте и оставете да отстои 5 минути. Процедете и испијте во мали голтки.

Купка од коприви

Ставете една чаша коприви во голем сад и прелијте со врела вода. Покријте и оставете да отстои 10-15 минути, а потоа поцедете и сипете во када со топла вода. Водата во кадата треба да биде пријатно топла, но никако не премногу жешка. Поминете 20 минути во када. По купката, не се туширајте – само нежно избришете се. Бидете на топло уште најмалку еден час.

Купка за нозе

Земете една полна дланка корени од коприви и две полни дланки лисја и стебла од коприви и потопете го сето ова во 5 литри студена вода и оставете да отстои една вечер. Следниот ден оваа смеса сварете ја и оставете ја да се излади. Овој раствор можете да го користите 2 пати како купка за нозе.

Зошто баш коприви?

1.За здрави заби и коски, за правилен раст, за бремени жени и доилки – на сите им е потребен калциум во нивната секојдневна исхрана.

2. Богатството со магнезиум ги спречува тегобите од церебрална, васкуларна, стенокардична, мускулно-тетанична и висцерална природа.

3. За спречување на појавата на аденом на простатата и поддршка при терапијата на акутен простатит, поленот се комбинира со копривата поради тоа што ги обезбедува потребните количини на цинк, чиј недостаток доведува до нарушувања.

4.Присуството на манган (Mn) ја ублажува старечката сенилност и помага за справување со заборавеноста.

5. Доволната количина на витамин К во секојдневната исхрана ја спречува појавата на крварење, а неговото значење за организмот и потребата од секојдневно присуство во исхраната е големо, па поради тоа популарно се нарекува ” фактор на долговечноста”.

6. За создавање на хемоглобин помагаат Fe (железо), Cu (бакар) и витамин Ц, а Mn (манган) помага за активирање на железото од клетките, па со секојдневна употреба на копривата која ги содржи сите овие елементи се дејствува превентивно против појавата на анемија.