Сликата е веќе позната: температурата одеднаш се покажува, детето се жали на болка во грлото, носот тече, очите се црвени, кашлањето не престанува, а дишењето на нос станува отежнато, посебно навечер. Бебињата се поподложни на инфекции на дишните органи од возрасните и постарите деца, бидејќи нивниот имунолошки систем се уште не е доволо развиен и не може да се избори со бројните бактерии и вируси, предизвикувачи на овие инфекции. Друга причина за тоа е тоа што дишните патишта на бебињата се многу тесни и лесно доаѓа до нивна блокада како одговор на воспаление и насобирање на слуз. Освен тоа, бебињата помали од шест месеци не можат да дишат на уста, па затоа така ,,бучно и звучно,, дишат кога се настинати. Иако настинките можат тешко да се одбегнат, посебно во претстојните периоди на студено време, постојат мерки со кои бројот на инфекциите може да се сведе на минимум. Во продолжение погледнете кои се се овие мерки.

Често миење на рацете

Наједноставна заштита од микроорганизмите е честото миење на рацете, затоа што заразата се шири реку ситните капки од плунката, кои со кивање се пренесуваат на предметите што детето ги допира. Рацете треба да се мијат со топла вода и сапун, колку што е можно почесто. Освен оваа превентива, детето треба да се чува од промена на нагли температури. Капа и шал, дури и преку носот, се корисни во случај на ниски температури.

Исфрлање на секрет

Првото влијание на студенилото врз дишните патишта е намалувањето на раздвиженоста на финиот систем на влакненцата кои се наоѓаат на клетките од слузницата на дишните патишта, од носот, па се до алвеолите на белите дробови. Нивна задача е да ги чистат дишните патишта од секрет и слуз, со што се овозможува нивната проодност. Но, со делувањето на студенилото и влагата, фините ,,метлички,, се слепуваат и престануваат да се движат, поради што доаѓа до насобирање на секретот во бронхиите. Затоа, за да не дојде до компликации, штом детето ќе почне да кашла, дајте му некој растителен муколитик сируп, за да може да се разреди слузта и да може детето полесно да го искашла.

Разновидна исхрана

Исхраната во текот на зимските месеци мора да биде богата со витамини, најдобро од природни извори – свежо овошје и зеленчук. Ако менито на детето е добро составено, не му е поребно диполнително внесување на витамини, освен ако тоа не го препорача педијатарот. Свежо исцеден портокал или мандарина, киви или една бабура ќе ја задоволат дневната потреба за витамин Ц. Намирници кои докажано го јакнат имунитетот се брокула, морков, лук, суви кајсии и пчелин полен.

Заштитете го бебето од загадувањето

Истражувањата докажале дека децата кои живејат во близина на главните сообраќајници во градот почесто заболуваат од инфекции на дишните органи. Британските научници утврдиле дека за секои 100 метри поблиску живеење до главна улица се зголемува ризикот детето да почне да кашла навечер. Степенот на загадување на воздухот од сообраќајот значително се зголемува во текот на зимските месеци. Затоа немојте да го носите бебето во прошетка за време на најголемиот метеж во сообраќајот и барем еднаш во месецот однесете го во природа (најдобро во шума).

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина