Според зборовите на докторите, редовната контрола е единствениот начин за оваа болест да може да се држи под контрола. А, раното откривање е единствениот пат кон излекување.

Кога се зборува за дијабетес, оваа подмолна болест не дава никакви знаци, а кога симптомите ќе бидат веќе видливи, тоа значи дека болеста е веќе во поодмината фаза. Дијабетесот е последица на компликациите на крвните садови на мозокот и нервите и може брзо да доведе до сериозна состојба или смртен исход. Со редовни систематски прегледи можно е да се открие и пациентот да се стави на терапија со таблети или со инсулинска терапија. Посебно треба да се обрати внимание и да се оди на почести контроли доколку некој од членовите од семејството боледува од оваа болест или доколку имал инфаркт или мозочен удар.

Претерана жед

Првите симптоми на шеќерна болест се зачестено мокрење и претерана желба за внесување на на вишокот на шеќер која се насобира во крвта. Доколку бубрезите не можат да ја апсорбираат гликозата, доаѓа до дехидрација и со самото тоа се зголемува потребата за било каква течност, што пак подоцна доведува до често мокрење.

 

Глад

Претераната употреба за храна е уште еден знак за дијабетес, а предизвикана е од промената на нивоа на шеќерот. Кога нивото на шеќер опаѓа, чувствуваме глад и потреба за гликоза како извор на енергија.

 

Умор и ослабеност

Чувството на исцрпеност е уште еден показател за дијабетес. Исто како кај претераната потреба за храна, дехидрацијата и недостигот на шеќер во организмот може да доведе до недостиг на шеќер во организмот, поради што почнува да се чувствува константна премореност и лесен умор. Наглите осцилации во тежината исто така спаѓаат под можни знаци и симптоми за дијабетес. Кога губите шеќер преку честото мокрење, можете да загубите и килограми.

Замаглен вид

Симптомите понекогаш можат да вклучуваат и проблеми со видот. Високото ниво на шеќер во крвта ја повлекува и течноста од ткивата, вклучувајќи ги и очите. Ако не се лекува, дијабетесот може да предизвика трајно оштетување на видот.

Чести инфекции

Инфекциите се почести доколку имате дијабетес. Кај жените почести се вагиналните инфекции.

Трпнење во рацете и нозете

Вишокот на шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нервите. Ако чувствувате трпнење и губење на осет во рацете и нозете, или болно пецкање во рацете, нозете и стапалата, време е да се јавите на доктор, бидејќи постои ризик да станува збор за дијабетес.

 

Чувствителни непца

Дијабетесот може да ја ослабне способноста за борба против бактериите, со што се зголемува риизкот од инфекција на непцата. Може да настане воспаление на непцата со гној, посебно ако е инфекцијата се појави пред да се развие дијабетесот.

 

Проблеми со кожата

Чешање, сува кожа или слаба циркулација, како и многу други фактори, можат да бидат знак за дијабетес. Потемна кожа околу вратот или пазувите може да биде знак за отпорност на телото на инсулин и високо ниво на шеќер во крвта.

Во случај да забележите некои од горе наведените симптоми за дијабетес, обратете се кај вашиот доктор. Со раното откривање, оваа болест може да се држи под контрола.

Тагови: дијабетис
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина