Можеби гатањето од дланка е вистински хокус-покус, но едно е сигурно – преку проучување на ноктите може навистина да ѕирнете во иднината. Ризикот од рак на дојка и срцеви болести, дури и способноста за раѓање, се утврдува преку прстите, тврди Џон Менинг, биолог-истражувач на Универзитетот во Ливерпул. Преку должината, пак, на прстите, може да се погледне во нивото на хормоните кои влијаат вр з појавата на многу болести.

Кршливите нокти можат да бидат знак за болести на штитната жлезда или недостиг на железо

Здравите нокти се мазни, благо заоблени, цврсти и неповредени, а необичните обележја и промени на нив можат да бидат знак за разни здравствени пореметувања. Нашите нокти се составени воглавно од белковини на кератин. Иако кератинот се наоѓа и во кожата и во косата, ноктите содржат помалку вода, и затоа се потврди. Поради својата трајност идеални заштитниви на крвните садови, нервите и коските кои се наоѓаат под нив. Необичната боја или искривеноста на ноктите веројатно нема да ве натера веднаш да појдете на докор. За среќа, повеќето доктори сепак фрлаат поглед на ноктите на своите пациенти за време на прегледите, бидејќи на нив се втиснати знаците за многу здравствени пореметувања.

Необични знаци – темни линии

Темните линии на ноктите можат да бидат доказ дека сте ги игнорирале предупредувањата да не јадете печено свинско месо или месо од дивеч, па сте се заразиле со паразитска болест наречена трихеинелоза. Во медицината тие тенки линии се познати како крварења под ноктите. Тенките ли во линии личат како да се втиснати во ноктите или како да се непосредно под ноктот, но тоа е всушност мало крварење во лежиштето на ноктот. Крварењето под ноктот може да биде исто така и знак за ендокардитис – инфекција на срцето. Или, може да биде васкулитис, воспаление на крвните артерии, или да биде знак за неколку автоимуни болести, вклучувајќи ги главно псоријазата, лупусот, ревматидниот артритис и антифосфолипидниот синдром, кој е потенцијално сериозно пореметување на згрутчување на крвта. На крај, може да упатува дури и на чир на желудник и разни бубрежни болести.

Забележливи темни кругови

Темната, широка, попречна линија на вашиот нокт, стручно наречена меланонихија стријата, може да се појави како реакција на антибиотикот, тетрациклин, на антималарици и на некои цитостатици. Кога како причина за пореметувањето се лековите, најчесто се зафатени неколку нокти. Темните кругови можат исто така да упатуваат и на габична инфекција, посебно ако се наоѓаат на ноктите на ножните прсти. Оваа темна линија на ножниот палец може да биде и знак дека носите претесни чевли. Ако се наоѓа на ноктот на прстот од раката, тогаш можно е премногу да работите и да сте ги повредиле притоа ноктите. Бенигните темни, пигментирани линии се вообичаени кај луѓето со потемна боја на кожата. Всушност, повеќе од три четвртини возрасни Афроамериканци имаат една или повеќе од овие линии на ноктите.

Но, без разлика на тоа дали имате светла или темна боја на кожата, не смеете во целост да ги занемарите овие кафеави или црни линии. Ова особено важи доколку кожата под предниот дел од ноктот (посебно ако се работи за еден нокт) е исто така темна, или ако линијата се протега во кожичката на страната од ноктот, што се нарекува Хитчинсонов знак. Овие лоши знаци можат да упативаат на субунгален меланом, кој е многи опасен вид на карцином на кожата во лежиштето на ноктот, и кој има многу голема стапка на зачестеност кај одредени расни групи, посебно кај Афроамериканците, Азијците и Американците. За разлика од другите видови линии на ноктите, овие нема да исчезнат, туку напротив. Лините кои се поврзани со меланом се склони на ширење. Овој вид на карцином исто ткаа се јавува најчесто кај луѓе на возраст по педесеттата година.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина