Кога размислувате за водењето љубов за време на циклусот, веднаш помислувате на крв на постелнината, но вреди да се споменат и добрите страни за ваквиот вид на сексуални односи. Ќе ве изненади фактот дека тој може да ви го скрати менструалниот циклус и дека оргазмите токму во тој период се поинтензивни. И да, верувањето дека тогаш не можете да забремените веднаш паѓа во вода, бидејќи дури и за време на циклусот постои можност да се забремени!

Ова се седумте причини зошто е добро да се има секс во текот на менструалниот циклус:

1. Ги намалува грчевите

Ова воглавно се однесува на тоа кога сте во ПМС. Ако за време на циклусот патите од болни грчеви, оргазмот може да ви помогне да ги намалите. Кога доживуваме оргазам, телото лачи окситицин и допамин, заедно со останатите ендорфини кои го олеснуваат поднесувањето на болките за време на менструацијата. А овие хормони се далеку посилни од кој било аналгетик.

2. Не ви е потребен лубрикант
Ако сте природно суви или имате потешкотии со навлажнувањето, тогаш сексот за време на циклусот е добар за да се одморите од употребата на лубрикантите. Но, пред веднаш да помислите на крв, треба да знаете дека, иако крварите, повеќето од течностите кои ги гледате потекнуваат од вашата обвивка во матката. Жените во просек губат од 4 до 12 лажички течност за време на циклусот, а само мал дел од тоа е вистинска крв. Само поради црвената боја која преовладува се чини дека има многу повеќе крв отколку што навистина има. Затоа на тоа гледајте како на природен лубрикант.

3. Сексот најверојатно нема да ви биде одвратен
Едно истражување спроведено во 2012 година го покажало она што го знаеле сите оние кои веќе искусиле ваков вид на секс – дека во миговите на страст ништо друго не ни е на ум освен задоволството. Сексуалното возбудување го надвладува природното чувство за непријатност и одвратност, а тоа значи дека кога ќе ја започнете оваа авантура, нема ни да размислувате за фактот дека имате циклус.

4. Може да ја скратите должината на траење на циклусот
Со секој оргазам што ќе го доживеете, матката се собира. Секоја контракција ги истиснува крвта и обвивката во матката побрзо отколку што тоа би се случило по природен пат. Сексот за време на циклус не само што може да го скрати неговото траење, туку и го подобрува исфрлањето на содржините од матката, кои предизвикуваат грчеви и кои ја потиснуваат.

5. Ја зголемува интимноста помеѓу партнерите
Ако сте подготвени за време на циклусот да имате сексуални односи со вашиот партнер, ја отворате вратата за подлабока меѓусебна интимност. Сигурно на тоа не би се согласиле со било кого, така што кога ќе го направите тоа вашата врска преминува на повисоко ниво.

6. Ве тера да излезете од зоната на комфорот
Ако сте тип на жена која ја практикува само мисионерската поза во кревет, сексот за време на циклусот може да го промени тоа. Можеби ќе одлучите да испробате некоја нова поза или некои нови работи кои до сега не сте ги испробале. Тоа можете да го направите дури и под туш, нели?

7. Хормоните повеќе ви работат
Жените се значително повозбудени пред и за време на циклусот. Причина за тоа е што делот кај карлицата и гениталиите дополнително отекува и затоа копнеете за секс. Тогаш, зошто ако толку многу сте возбудени да и дозволите на една крв да ви застане на патот на уживањето? На крајот на краиштата, циклусот не ве попречува да ги извршувате сите други обврски.

Тагови: љубовсекс
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина