5 знаци дека сте фит
Кога следниот пат ќе застанете на вагата и нема да ја здогледате посакуваната бројка, немојте да бидете разочарани. Помалиот број на вагата не е единствена потврда дека сте ослабнале ниту дека сте фит и во добра телесна форма. Самодовербата ќе ви ја дадат следниве пет знаци, коишто вагата за мерење на телесна тежина нема да ви ги покаже.
Како ви стои облеката
Вагата нема да ви покаже дали сте загубиле некој сантиметар или сте ослабнале за цел еден конфекциски број. Мускулите се многу покомпатибилни од масното ткиво, што значи дека облеката ќе ви стои сигурно многу подобро ако сте добиле мускули, а сте го загубиле салото.
Колкава мускулна маса имате
Мускулите се потешки од масното ткиво, па доколку вагата покажува иста телесна тежина или дури и поголема, а сте вежбале и сте внимавале на исхраната, тоа може да значи дека сте го истопиле салото и сте изградиле мускули. Тоа ќе ви помогне долгорочно, бидејќи телото согорува повеќе калории за да може да ги снабди мускулите со енергија одошто согорува кога имате повеќе масно ткиво.
Колку овошје и зеленчук јадете секој ден
Вагата не ви кажува што се случува во вашиот организам, посебно кога се работи за тоа дали внесувате доволно хранливи материи. Она со кое го снабдувате секојдневно организмот е многу поважно за вашето целокупно здравје и телесна форма од бројот кој го покажува вагата.
Колку сте научиле за здравиот начин на исхрана
Ако сакате долгорочно да ослабнете, важно е да се едуцирате за здравото живеење и за стратегијата на слабеење и оддржување на телесната тежина која најмногу ќе ви одговара. Вагата нема да ви покаже што се сте научиле за здравиот начин на живот како ни кои се навики, од кои во годините кои се пред вас ќе имате полза телесно, а потоа и ментално сте ги усвоиле.
Колкава тежина можете да подигнете и колку можете да истрчате
Вагата нема да ви покаже во каква телесна форма сте. И оние кои имаат некој килограм вишок можат да бидат супер фит и успешно да креваат тегови и да истрчуваат импресивни километри.