uspesni luge_nas1

1) Тие потполно се посветуваат на својата цел

 Кога успешните луѓе ќе си постават сами на себе цел, ништо не може да им го попречи патот. Тие се посветуваат целосно на него, знаејќи дека токму тоа ги разликува од обичните луѓе – тоа што не запираат додека не го постигнат она што го сакаат.

 2) Упорни се

 Препреките се сосем нормални- се очекуваат на патот кон целта и не може да се планираат однапред. Но, вие сте тие кои може да одлучите да се посветите толку многу на успехот и да опстанете без оглед на пречките што можат да се појават.

Заобиколете ги, прескокнете ги или тргнете право преку нив, но издржете без разлика на се. Тоа е она што го прават успешните луѓе и она што би требало и вие да го правите, ако сакате да се угледате на нивниот успех.

3 ) Тие превземаат одговорност

 Успешните луѓе знаат дека тие се кројачи на својата судбина. Нема никогаш да ги слушнете како се жалат на работите кои ги запреле на патот кон успехот. Нема да ги слушнете како измислуваат изговори. Наместо тоа, тие гледаат напред кон иднината, бидејќи знаат дека само така можат да успеат.

 4 ) Тие се вредни

 Дали некогаш сте сретнале некој кој е многу успешен и мрзлив ? Секако дека не. Вистина е дека патот кон успехот е поплочен со тешка и напорна работа. Ако сакате да успеете и да постигнете големи резултати , мора да станувате рано и да останувате будни до доцна во ноќта, за потполно да го искористите своето време. Успехот не им се случува на оние кои само го посакуваат, истиот треба и да се заслужи !

 5 ) Го поминуваат времето со успешни луѓе

 Еден професор еднаш рекол: ” Ако сакате да бидете богати, дружете се со богати луѓе. Ако сакате да бидете духовити , поминувајте време со духовити луѓе. И ако сакате да бидете сиромашни, дружете се со сиромашните. “

 Вистина е дека во човековата природа е да го имитираат однесувањето на оние околу нив. Начинот на размислување е заразен. Значи, ако посакувате голем успех во животот , поминувајте време со оние кои се веќе успешни . Не познавате некој успешен? Тогаш може да читате книги за нив, да гледате прилози за нив или да ги прочитате нивните интервјуа. Ставот и успехот се заразни, затоа потрудете се да се ” заразите ” така што ќе се дружите со најдобрите.

6 ) Тие веруваат во себе и својата визија

 Не е лесно да се дојде до големи резултати, па затоа е важно да верувате во себе. Најуспешните луѓе во светот имаат силна самодоверба и веруваат во својата визија. Без неа, многу лесно би се откажале штом наидат на првата пречка на својот пат. Верувате ли во вашите соништа? Запомнете: Можете да правите што и да посакате во животот, но морате прво да верувате во тоа, а потоа да работите како луди за да успеете во сонот.

7 ) Тие се грижат за себе

 Кога сте виделе личност која е успешна и запуштена? Се разбира, секогаш постојат исклучоци, но повеќето успешни луѓе знаат дека им е потребна енергија за да одат напред , а за да го постигнат ова, тие треба да се изхрануваат здраво, да вежбаат и добро да се одморат.

8 ) Тие се одмараат и ги полнат батериите

 Работата е најважното нешто на патот кон успехот, но не можете да работите нон-стоп. Успешните луѓе работат одреден период, а потоа се исклучуваат , за да го освежат својот ум и тело.

 9 ) Тие постојано се едуцираат

 Успешни луѓе знаат дека учењето никогаш не завршува. Дури и без формално образование , тие постојано читаат и учат од другите, од книги, списанија, конференции , или од оние на кои им се восхитуваат. Некои дури и повторно се посветуваат на факултетот.

Што вие неодамна сте научиле, а може да ве приближи кон успехот кон кој тежите? Ако не сте читале одамна книга или бизнис списание,сега е вистинското време да започнете .

10) Тие грешат и учат од тие грешки

Успешните луѓе не се плашат да ризикуваат. Заради нивната силна самодоверба, тие треба да ја третираат секоја грешка како можност од тоа нешто да научат. Затоа, немојте да се плашите да грешите, но ако тоа ви се случи, научите нешто од нив, за да бидете подобри следниот пат.

Тагови: разно