Градите се дефитивно дел од женското тело во кој секогаш зјапаме. Не сме сигурни зошто, но тие секогаш не привлекуваат и ни го мамат погледот, посебно ако жената има големо деколте кое многу открива. Како е можно супермоделите со мали гради да изгледаат како да имаат бујно деколте? Трикот е во тоа што тие одлично го познаваат обликот на своите гради. Едно американско истражување покажало дека постојат 8 типови на гради и дека најголем број од жените имаат нееднакви дојки. За секој тип гради постојат и соодветни градници. Понекогаш бројот на брусхалтерот не зависи само од големината, туку и од обликот на градите. Корпите на градите не би требале да бидат ни преголеми ни премногу мали. Погледнете во кој тип на гради спаѓаат вашите.

Кружни гради

gradi-okrugli1

 

Ако градите ви се подеднаквопотполнетина врвот и на дното, во тој случај имате округол тип на гради. На жените со вакви дојки не им се потребни потполнети брусхалтери со дополнителниперничиња,, за да ги потполнат празнините и подобро да ги обликуваат градите. Нивните гради имаат природно убав облик.

Гради со оддалечени брадавици

 

grudi-istok-zapad1

 

Ако брадавиците на дојките ви се свртени кон нанадвор, тогаш му припаѓате на овој тип. Дури и брадавиците да не ви се кон нанадвор, туку центрирани, а се поставени сами од себе подалеку од центарот на градната косака, тогаш вие припаѓате под оваа категорија.

Раздалечени гради

Ако имате гради помеѓу кои има голема раздалеченост, тогаш овие се ваша група на гради. Ваквиот тип гради има малку пополн облик од претходно наведениот тип. За ваквите гради најдобро е да земете подлабок брусхалтер кој ќе ви ги подигне градите и малку ќе ги приближи.

Облик на солзи

 

grudi-oblik-solzi1

 

Градите во облик на солзи имаат токму таков облик. Ако се округли и малку пополни при врвот, тогаш имате ваков тип на дојки. Овој облик на гради е облик за кој е наједноставно да се најде брусхалтер, бидејќи им одговара секаков вид.

Тенкигради

Овој облик е потенок на врвот, пополн кон дното и е подолг, а не е толку широк. Ако покрај тоа се и релативно мали, имате тип натенкигради. За овој облик најмногу одговараат подлабоки и потполнети брусхалтери, кои ќе ја зголемат големината на градите и малку ќе ги подигнат.

 

Асиметрични гради

Можеби ќе ви звучи чудно, но повеќето жени имаат асиметрични гради, било да се работи за обликот или големината. Ако едната дојка ви е поголема од другата, вие дефинитивно спаѓате во оваа категорија. Најчесто таа асиметрија не е толку изразена за да мора да носите спрецијално направени брусхалтери. Слободно пробајте да носите брусхалтери во кои можете да ставите потполнки, со кои ќе ја надоместите разликата во големината или обликот.

Облик ѕвоно

 

grudi-oblik-zvono1

 

Овој облик е значително сличен со типоттенкигради, со таа разлика што овие се поголеми. Бирајте градници кои убаво ќе лежат на вашите гради и кои нема да дозволуват нивно испаѓање вон корпите.

Корнет гради

Овој тип се наоѓа кај 6 – 7% од жените. Се карактеризираат по тоа што не се округли, туку зашилени. Најдобар брусхалтер за овој тип е оној кој додава волумен.

 

Тагови: градижени
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина