Попатниот секс е нешто во кое уживаат многумина, но секако не сите луѓе. Некои од нив пред имањето секс мора да почувствувата силна емоционална поврзаност со партнерот. Но, оние кои се идентификуваат како демисексуалци објаснуваат дека им е потребна многу цврста врска со одредената личност за да можат кон неа воопшто да чувствуваат било каква физичка привлечност. Поради тоа таа и се дефинира како посебна сексуална ориентација.

Иако на прв поглед не звучи премногу комплицирано, демисексуалноста е многу блиску до категоријата на асексуалност, односно луѓе кои имаат многу мал или речиси никаков интерес за секс. Демисексуалноста исто така се нарекува уште и ,,семисексуалност,, односно ,,сива сексуалност,,.

Што значи да се биде демисексуален?

Според стручњаците, првите разлики почнуваат да се јавуваат уште во периодот на пубертетот – тогаш кога повеќето луѓе почнуваат да чувствуваат сексуална привлечност кон други, демсексуалците едноставно ја немааат и почнуваат да се чувствуваат изолирано во миговите кога нивните пријатели влегуваат во првите врски или сексуални односи. Се разбира, тука не помага ни фактот што асексуалноста односно демисексуалноста не ни малку изразена во поп културата.

Некои тврдат дека ,,демисексуалноста,, е всушност етикета кои ја користат оние кои се малку повеќе пробирливи кога станува збор за нивните партнери. Други, пак, тврдат дека демисексуалноста е животен стил, а не сексуална ориентација и дека самонаречените демисексуалци се едноставно луѓе со малку пониско либидо. Кажано поинаку, демисексуалноста за многумина е целосна измислица и како таква не ни посоти. Но, демисексуалците своите сексуални чувства ги опишуваат на сосема поинаков начин – велат дека не се пробирливи и дека буквално не чувствуваат никакво сексуално возбудување освен ако со некого не чувствуваат длабока емоционална поврзаност.

Од друга страна, луѓето кои имаат ниско либидо – кое може да биде последица од депресија, хормонално нарушување и нус-појави одредени до лекови и слично – тој проблем воглавно го забележуваат и го сметаат за голем. Но, тоа не е случај и со демисексуалците – тие чувствуваат дека нивното доживување на сексуалното возбудување едноставно е дел од нив самите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина