Многу древни записи упатуваат на заклучокот дека старееме се побрзо, односно дека во минатото луѓето живееле многу подолго и дека биле со поголем раст. Нашето тело е составено од милијарда клетки. Науката докажала дека и најмалата клетка во нашето тело, вклучувајќи ги и клетките од коскената срж, се регенерираат во целост во циклус од 7 години. Тоа значи дека на секои 7 години ние добиваме сосем ново тело. Сепак, по изгледот и функциите тоа старее. Тоа значи дека новите клетки кои се создаваат поради некоја причина имаат поинаков квалитет.

starost

 

За да можеме да го сфатиме стареењето, треба прво да сфатиме дека се што постои во вселената е соединение или материја кое е здружено и е во функција благодарение на силата или животот. Кога нема живот, материјата пропаѓа. Телото не е ништо друго туку материја. Од друга страна, животот е енергија, која делува во рамките на зададените обрасци кои и се дадени преку генетскиот код, како и преку нашите мисли и убедувања. Исто како што соништата се израз на размислувањето, така и телото е експресија на мислите. Ако имате убави, ведри и младешки мисли, тие на секоја клетка ќе и сугерираат да се обликува во согласност со нив. Затоа, ако успееме да завладееме со нашите мисли за да ги следат нашите желби, телото ќе ги следи нивните рамки колку што му е дозволено. Преку владењето со мислите и енергијата во внатрешноста на нашите тела, како и соработката со повисоките битија кои можат да ни пружат помош и знаење, ние можеме да го смениме нашиот генетски материјал и да поставиме нови обрасци на делување на енергијата која струи низ нас.
Условени сме да размислуваме дека во одредена животна возраст можеме да очекуваме одредени нарушувања, како што се зголемен холестерол, срцеви заболувања, губење на меморијата, зголемена простата и т.н. На тој начин само му ги диктираме на телото обрасците кои ја насочуваат енергијата кон настанување на некоја болест, која свесно или потсвесно ја очекуваме. Всушност, фатени сме во возрасната рамка на колективната свест, бидејќи од самиот момент на нашето раѓање, светот во нас го зацврстува сфаќањето за одредена возраст. Уште од раѓање сме условени со тоа каде ни е позицијата на хронолошката карта, како и со претпоставката колкав ќе ни биде животниот век.

За неистренираниот ум, списанијата за здравје ги подржуваат таквите обрасци со своите статистики – ”80% од луѓето постари од 50 години, пројавуваат знаци на абнормално зголемена простатаи сл. Оваа статистика на потсвесно ниво го зацврстува верувањето дека најверојатно и кај нас на таа возраст ќе се појави истиот здравствен проблем. Затоа, кога еден маж ќе се приближи кон 50-та година од животот,, неговиот потсвесрн ум го диктира тоа мислење на умот и навистина се појавува таа болест, а статистиката е потврдена. И така, се продолжува маѓепсаниот круг. Затоа хронолошката перспектива за старосната возраст, која ни е наметната од околината во која живееме, е навистина добра стапица. Тоа го тера нашиот ум да го прифати овој факт што тој му го сугерира на телото, а тоа одговара соодветно на тоа. Целиот тој процес го зацврстува ставот кој го има општеството кон стареењето. Кажано со други зборови, старосната возраст станува израз на колективната свест на човештвото.

Од сето кажано, се наметнува заклучокот дека првенствено треба да имаме младешки, ведри и неоптоварени мисли за себеси. Тоа значи да не се мериме со наметнатите стандарди на светот во кој живеемр, туку да градиме свежа, посакувана слика за своето тело и особеностите што најмногу посакуваме да ги имаме. Треба да креираме визија за своето тело и за карактерот кој сакаме да го имаме и да ги негуваме во внатрешноста на сопствениот ум. Секако, покрај внатрешните, треба да водиме грижа и за надворешните фактори, а тоа се вистинска исхрана, вежбање и животни услови, бидејќи сите тие влијаат врз нашетио тело. И, запомнете, нашите мисли се тие кои ја обликуваат стварноста.

Тагови: стареење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина