Сепак се поправивте-како да го забрзате метаболизмот после празниците
Силната и калорична храна е синоним за добрата веселба во Македонија и ретко кој може да и одолее. Ако на тоа го додадеме фактот и дека генерално помалку се движиме за време на празниците, како и дека сме склони кон тоа да испиеме и некоја чашка повеќе, не треба да не чуди фактот што јанураи најчесто го дочекуваме со поголем конфекциски број. Меѓутоа, еве како да излезете од оваа непосакувана ситуација.
Експертите велат дека во рамнотежа после празниците можеме да се вратиме многу едноставно- само со добра волја и цвреста одлука. Исто така, предупредуваат на тоа дека често се има погрешно мислење дека мастите се главните виновници за вишокот килограми, а всушност тоа се јагленохидратите. Секако, треба да се води сметка за тоа колку и кои масти ги внесуваме, никако не треба да претеруваме, но сепак јагленохидратите се оние од кои се здебелува,бидејќи намирниците како што се лебот и пецивата ја поттикнуваат нашата желба за јадење. Затоа е потребно да се избегнуваат овие намирници, како и сите видови на брза храна и грицки.
Таа им препорачува на сите кои сакаат да го поттикнат метаболизмот да се придржуваат до три основни правила.
Внесувајте помали оброци, но почесто
Оптимално е да имате 5-6 оброци во текот на денот, но под нив не спаѓаат и разните грицки. Оброците треба да бидат мали и хранливи. Утрото е идеално време за масни киселини и протеини, па затоа најпрепорачливо е да се конзумираат за појадок, најдоцна до 10 часот. Ручекот треба да се содржи од свеж или варен зеленчук богат со протеини и влакна. Вечерните часови се резервирано за полесни оброци, па риба во комбинација со салата е најдобар избор. Помеѓу оброците, за ужинка е дозволено овошје, но не повеќе од 300-400 грама во текот на денот. Алкохолот, шеќерот и вештачките засладувачи потрудете се да ги избегнете.
Внесувајте многу течности
Зголемете го внесувањето на обична вода, а избегнете ги купечките сокови, дури и оние диетални верзии. Исто така, водете сметка за тоа водата која ја пиете да нема дополнителни соли ниту шеќери, како што е случајот со напитоците кои се продаваат како вода за спортисти. Чистата вода ги ослободува ќелиите од вишок на сол и токсини, а со самото тоа се забрзува метаболизмот и се поттикнува процесот на детоксикација. Освен тоа, водата хидратизира и го освежува целиот организам.
Почнете да се движите
Редовното вежбање доведува до создавање на мускулна маса и до забрзување на метабилизмот. Многу диети доведуваат до губење на мускулната маса, па дури и ако ги изгубиме килограмите, тие брзо се враќаат. Идеално е да вежбате 3-4 пати неделно по еден час, а видот на рекреација зависи од вашите афинитети. Секој вид на активности, дури и малку брзо пешачење е корисно.Важно е вашиот пулс да се забрза и да ви биде над 140, бидејќи тогаш директно се трошат шеќерот и маста од крвта.
Како да ја забрзате работата на мрзливите црева
Експертите препорачуваат комбинација на јогурт и ленено семе за здрав стомак. Одлучете се за јогурт со пробиотици, кој е многу добар за регулирање на варењето и зголемување на бројот на добри бактерии во цревата. Доколку го помешате со ленено семе, кое е одличен извор на драгоцени омега 3-масни киселини и влакна, сте си обезбедиле вистински лек за мрзливите црева. Секој втор ден помешајте 2 децилитри јогурт со две лажички ленено семе и испијте го вака подготвениот напиток.
На сите дами кои водат борба со вишокот килограми им се препорачува не само да бидат упорни, бидејќи после само три недели од диетата, луѓето почнуваат да ја губат желбата за нездравата храна. Многу зеленчук, овошје и разни супи и чорби се идеален избор за првите денови додека вашиот организам се навикне на диеталната храна.



